Кипар и Малта добија виза за еврото
17 мај 2007Реклама
Кипар и Малта добија согласност од Европската комисија и Европската централна банка за приклучување кон еврозоната од 1 јануари 2008 година. Во соопштението на Комисијата се наведува дека двете земји ги исполниле критериумите за зачувување на стабилноста на еврото. Одлуката треба да ја потврдат лидерите и министрите за финансии на земјите членки на ЕУ.