Кланиците во Велика Британија повторно отворени
10 август 2007Реклама
Една недела по избивањето на шапот и лигавјата во јужна Англија, британските власти ја укинаа забраната за транспорт на животни. Со работа повторно почнуваат и кланиците. Заразата се појави на фарма во јужниот дел на земјата, а неколку дена подоцна беше откриена и на соседниот посед. Сега постои сомневање дека вирусот е присутен и на уште една фарма. Поради шапот и лигавката во Велика Британија досега се заклани околу 600 говеда.