1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Климатски промени – Земјата забрзано губи билиони тони мраз

01:29

This browser does not support the video element.

ЖА /ДВ
27 јануари 2021

Феноменот не е нов, но нова студија ги покажува загрижувачките размери на топењето на мразот. Брзината на топењето на мразот е најголема на Антарктик и Гренланд.

Научните испитувања покажале дека од 1994 до 2017 година се стопиле 28 билиони тони мраз, што одговара на 100 метри дебела санта со големина колку површината на Велика Британија. Додека во 1990-те години исчезнувале просечно 0,8 билиони тони мраз, во 2017 година количината се зголемила на 1,2 билиони тони.

За изработка на студијата, објавена во стручниот часопис „Криосфера“, авторите ги проучувале сателитските снимки, комбинирајќи ги со истражувања спроведени на копно, не само во поларните области, туку и во 215 000 планински глечери. 
Брзината на топењето на мразот е најголема на Антартик и Гренланд, истакнува главниот автор  на студијата, Томас Слејтер. 


Предизвикувачи на топењето на мразот се потоплата атмосфера, која од 1980 година секоја декада се затоплува за просечно 0,26 степени Целзиусови и порастот на температурата на океаните  од 0,12 степени по декада. Околу две третини (68%) од стопениот лед оди на сметка на атмосферата.

Повеќе на темата:

Конфликтите и климатските промени поттикнуваат глад во светот

Јули бил најтоплиот месец во историјата на човештвото

Сеуште не е доцна за планетата Земја
Планинските глечери содржат само два проценти од светскиот волумен на мраз, но сочинуваат речиеи една четвртина од стопениот мраз. 
„Планинските глечери не само што придонесуваат за глобален пораст на нивото на морињата, туку се и клучен извор на вода за луѓето во регионот“, истакнува коавторката на студијата, Инес Отосака. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми