Не само што климата се загрева, туку и дебатата за неа станува се` пожешка. рационално водени дискусии се се` поретки. Во време на страв, аргументите ја губат силата, смета Зоран Арбутина.
Реклама
„Сакам да ве обземе паника, да почувствувате страв... бидејќи вашата куќа гори!“ Зборовите кои Грета Тунберг ги изговори на почетокот на годината во Давос, сигурно ќе се најдат на листата најважни цитати од 2019 година. Ретко може да се доживее некој толку концизно духот на времето да го преточи во зборови. Изгледа дека илјадници млади луѓе само чекаа истрел за старт за конечно да почне она што треба да се направи: да се стане, да се излезе на улица и гласно да се подигне својот глас против човечки фактори предизвикани од климатските промени. Се чини дека во Германија, можеби и повеќе отколку во останатите европски земји, младата шведска активистка поттикна конечно ослободување од насобраната долгогодишна напнатост. Излезе вистинска лавина протести и огорченост, рушејќи сѐ што ќе ѝ застане на патот. Од неодамна во земјата владее паника и ја турка политиката пред себе.
Главна работа е „нешто да се работи“
Сѐ повеќе германски градови прогласуваат т.н. „климатска вонредна состојба“. Пред неколку дена дури и Европскиот парламент поведен од тоа прогласи „климатска вонредна состојба“ за цела ЕУ. Тоа немаше конкретни последици, со тоа ситуацијата со климата не е нешто подобра, но не е се' во тоа: тука се работи за создавање страв и паника во општеството. Најновиот придонес на бранот паника: Според наводите на германската организација за заштита на околината Џерманвоч, Германија е трета земја по загрозеност во светот, кога станува збор за екстремните временски промени. Иако, според Германвоч, индексот на загрозеност не дава заклучоци за влијанито на климатските промени на споменатите временски неприлики, а анализата има и извесни 'статистички нејаснотии'.
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Европскиот парламент прогласи „климатскa вонредна состојба“, бидејќи Европа доживеа екстремни временски услови- од рекордните топлотни бранови, па сè до катастрофални поплави. Дали за тоа се виновни климатските промени?
Фотографија: picture-alliance/S. Ziese
Рекордни топлотни бранови
Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент. Во јули, во Германија беше измерена највисоката температура досега од 42,6 Целзиусови степени. Франција го урна својот рекорд на горештина двапати во 2019 година, со највисока измерена температура од 46 Целзиусови степени во јули. Климатските промени ја зголемуваат фрекфенцијата на топлотните бранови.
Во ноември 2019 година, италијанскиот град архипелаг Венеција доживеа повеќе поплавувања и високо ниво на водата од 1,5 метри, кое беше достигнато трипати во една недела, за прв пат во историјата. Прогнозираното покачување на нивото на морето како резултат на климатските промени може во иднина да ги направи овие настани уште почести.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina
Шумски пожари во Шпанија
Истиот топлотен бран што донесе рекордни температури во Франција ги предизвика најлошите шумски пожари кои ја погодија Шпанија во последните 20 години. На шпанскиот остров Гран Канарија, пожарите во август го уништија националниот парк на популарниот туристички остров. Повисоките температури и сувиот воздух како резултат на климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари.
Фотографија: Reuters/B. Suarez
Германските шуми изумираат
Комбинацијата од суша, невреме и екстремна топлина ги осиромашува германските шуми. Според БДФ, група за заштита на шумите, во Германија, повеќе од 1 милион дрва умреле од 2018 година. „Ова веќе не се поединечни невообичаени временски настани. Ова се климатските промени“, вели претставник на БДФ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Frey
Исчезнуваат глечерите на Алпите
Глечерот на италијанската страна на Мон Блан доживеа забрзано топење во 2019 година. И ентузијастите одржаа „погреб“ за глечерот Пизол на швајцарските Алпи, кој речиси целосно исчезна. Научниците велат дека климатските промени го забрзуваат топењето на глечерите на Алпите.
Фотографија: AFP/F. Coffrini
Сушата влијае врз производството на храна
Сушата во Германија две години по ред силно ги погоди земјоделците. Во 2018 година, рекордната суша предизвика големи загуби кај земјоделските култури, а топлотните бранови во 2019 година, дополнително ги оштетија земјоделските култури. „Климатските промени значат почести суши и екстремни временски услови во Германија“, изјави потпретседателот на германската служба за временски услови Паул Бекер.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe
6 фотографии1 | 6
Но, пресудна е опомената: Растот на температурата ја зголеми веројатноста од екстремни временски појави во иднина. Со малку зборови, се прошири страв на сите страни. Од друга страна, стравот не е добар советодавач. Кога е човек во паника, ретко носи добри одлуки, а да не зборуваме за општеството. Во демократија, политичките одлуки треба да се донесуваат врз основа на рационални аргументи. Климата на страв е дијаметрално спротивна од тоа. Тогаш аргументите се користат како добредојдени помагачи само кога тоа на некој така му одговора.
Климата и временските состојби
На пример: оние кои за време на големите бранови студ (да, сѐ уште ги има!) прашуваат што е со глобалното загревање, би морале да научат дека постои разлика меѓу климата и времето. Ако од друга страна следат две суви и топли лета, тогаш несомнено се сметаат за знаци на прикрадувачки климатски промени. Уште еден пример: климатските активисти во своите тврдења дека климатските промени се случуваат секаде околу нас, се потпираат на наводно недвосмислени научни докази. Но, ако угледен климатолог, како Ханс фон Шторх, вели: „Сѐ е измешано, во сѐ се претерува“, тогаш неговиот научен интегритет веднаш се доведува во прашање.
Претерани очекувања
Тоа, секако се отсликува и на политичките партии во Германија. Додека климатските активисти буквално ги тераат традиционалните партии да сторат нешто, Зелените доживуваат нови рекорди во истражувањата на јавно мислење. Исто програмиран е новиот конфликт: Ако еден ден се вратат на власт, Зелените и нивните избирачи ќе сфатат дека разбудените големи очекувања во вистинскиот живот не се остварливи. А резултатот ќе биде: нови разочарувања, нови лутења, уште поголем страв.Секако дека може и треба да се расправа за климатската политика. И секако оти климатските активисти имаат добри аргументи. Но, климатската политика мора да биде онаква каква што политиката секогаш би требало да биде: натпревар со моќта на подобар аргумент.
Климатските промени се премногу важна тема за да се препуштат само на климатските активисти. Нивните стравови треба да се сфатат сериозно, како и другите стравови на многу други општествени групи. Но, да се дозволи да преовладаат стравовите на една единствена група - тоа не е добра опција.
7 необични последици на климатските промени
Климата се менува и предизвикува да се случат некои необични нешта - како промена на полот на младенчињата кај животните. Еве некои од најнеочекуваните начини на кои климатските промени ќе влијаат врз животот на Земјата:
Фотографија: picture-alliance/dpa
Внимавајте: медуза бум!
Иако има многубројни фактори зад големиот број медузи кои стигнуваат до туристичките одморалишта, на пример на брегот на Средоземното Море, климатските промени, исто така, се делумно виновни за тоа. Потоплите температури на морињата отвораат нови области во кои медузите може да се размножуваат, и ја зголемуваат достапноста на нивната омилена храна: планктонот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Совршеното дрво исчезува
Ценети поради нивниот супериорен квалитет на звукот, оригинална Страдивариус виолина може да се продаде за милиони долари. Но, екстремните временски појави убиваат милиони дрва, доведувајќи го во опасност прочуеното дрво во шумата Паневеџо, во северна Италија. Засадувањето дрвја нема да помогне многу на кус рок. Една смрека треба да биде најмалку 150 години стара пред да стане виолина.
Фотографија: Angelo van Schaik
Заборавете на спиењето
Во многу жешките ноќи луѓето спијат полошо, особено во големите градови. До 2050 година во европските метрополи температурите на лето може да бидат повисоки за 3,5 степени. Тоа не само што влијае на спиењето, туку и на расположението, продуктивноста и менталното здравје. Единствениот начин да се избегне тоа е преселба во помали места, каде ноќите се поладни со помалку згради и повеќе зеленило.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R.K. Singh
Извинете за носот
Пролетта започнува порано поради глобално повисоките температури - лоши вести за оние кои страдаат од алергија. Со подолга сезона без мраз, растенијата имаат повеќе време да растат, да цветаат и да произведуваат полен. Затоа поленот слободно ќе си лета многу порано, што ќе ја направи сезоната подолга за оние кои имаат алергија. Дали тоа ќе биде век на маски против загадување на воздухот и алергии?
Топлината не само што прави да се потиме туку и влијае на нашето здравје. До крајот на векот се очекува 3/4 од светското население да биде изложено на смртоносни топлотни бранови. Растот на температурите значи и раст на стомачните заболувања, бидејќи е полесно бактериите да се размножуваат во топла храна и вода. И бројот на комарци веројатно ќе се зголеми заедно со други болести како маларијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schulze
Куќите се распаѓаат
Почвата во регионот околу Северниот пол засилено се топи во летните месеци, со драматични локални и глобални последици. Високите температури предизвикуваат подовите да станат нестабилни, а куќите и патиштата да попуштаат. Освен тоа, ако се стопи „вечниот мраз“ на Арктикот - ќе се ослободат CO2 и метан гасови што дополнително можат да го влошат глобалното затоплување. Тоа е злокобен круг.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Antonov
Машко или женско? Прашајте ги климатските промени
Температурата дури може да влијае и на полот на неколку видови животни. За морските желки, топлината на песокот каде што се положуваат јајцата го одредува полот на новороденчето. Ниските температури се подобни за машките желки, повисоките за женките. Истражувачите открија дека во мрестилиштата за желки во северна Австралија веќе сега над 99% се женки, што е голем проблем за преживување на видот.