1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Климатско“ изненадување во Пекинг

ЖА/ард/дпа/афп12 ноември 2014

САД и Кина неочекувано договорија амбициозни цели за заштита на климата. Претседателите Обама и Ши одлуката ја објавија по билатералните разговори во Пекинг. Двете земји се најголеми емитувачи на штетни гасови.

Фотографија: Reuters/G. Baker

Според Обама, станува збор за „историска спогодба“ и важен момент во американско-кинеските односи: „Договорот покажува што се‘ е можно кога заеднички соработуваме во врска со ургентен глобален предизвик“.

САД сакаат својата емисија на издувни гасови до 2025 да ја редуцираат за 26-28 проценти во споредба со 2005 година. До крајот на 2015 година во Париз на конференција на ОН за климата треба да биде постигнат нов договор за ограничување на затоплувањето на Земјата за периодот по 2020 година.

Кина првпат наведе датум

Кинескиот претседател Ши Џинпинг не се обврза на конкретни цели, но сепак најави ограничување на испуштањето јаглероден диоксид до 2030 година, а можеби и порано. Ова е првпат Кина да спомене дури и неодреден датум. Освен тоа, Кина планира до 2030 година да го зголеми уделот на нефосилни горива во вкупната потрошувачка на 20 проценти. Според кинески владини претставници, уделот на обновливи енергии во 2013 година изнесувал околу десет проценти.

Најновата најава од Кина претставува пресврт во нејзиниот став кон еколошките прашања. Земјата е одговорна за 30 проценти од светската емисија на јаглероден диоксид, а сега гради и нови термоцентрали. Но, под впечатокот на последиците по животот и квалитетот, како и високото оптоварување со смог во Пекинг, кинеското раководство сепак е принудено да најде решенија против загадувањето на животната средина.

28-те членки на ЕУ на самитот во октомври од своја страна се договорија да го намалат испуштањето штетни гасови до 2030 година „најмалку“ за 40 проценти.

„Голем чекор“ или „нереален план“?

Екологистите регаираа задоволно на најавата од Пекинг, нарекувајќи ја историско свртување. Поранешниот американски потпретседател и поборник за климата, Ал Гор, изјави дека најавите се „голем чекор нанапред во глобалните напори за решение во климатската криза“. Иако, потребно е уште многу повеќе, вклучувајќи и договор на сите држави.

Новиот прв човек на републиканците во американскиот Сенат, Мич Мекконел, ги критикуваше американските цели меѓутоа како „нереален план“, со кој Обама ќе го оптовари својот наследник. Освен тоа, тврди тој, плановите се поврзани со губење работни места и американското стопанство нема да ги издржи „идеолошките“ планови на американскиот претседател.

При стапувањето на функцијата во 2009 година, Обама вети дека САД под негово водство ќе преземат водечка улога против затоплувањето на Земјата. Но, законот за емисијата на гасови во 2010 година пропадна - американскиот Конгрес не го усвои.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми