1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клинтон: Глигоров беше патриот и вистински државник

3 јануари 2012

Длабоко жалење за смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, преку писмена изјава изрази американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Хилари Клинтон, министер за надворешни работи на САДФотографија: AP

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во писмената изјава на сочувство за смртта на Киро Глигоров истакнува дека тој бил вистински патриот и државник, кој придонесол за мирно осамостојување на земјата пред 20 години.

„Длабоко бев растажена кога дознав за смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија. Тој беше патриот и вистински државник. Неговата посветеност на независноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-1991, а неговото стабилно лидерство пружаше инспирација додека Македонија минуваше огромни тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на Соединетите држави и лидер кој имаше визија за неговата земја, која сe‘ уште служи како пример за Македонија и за регионот. Моите мисли и молитви се со неговото семејство и граѓаните на Македонија", се вели во писмената изјава на американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон.

Автор:СН/ ЕМФ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми