1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клинтон го обвини Обама за подемот на исламските екстремисти

Александар Методијев/ројтерс/миа11 август 2014

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека за подемот на исламските екстремисти во Ирак и Сирија е виновна неуспешната американска надворешна политика на претседателот Барак Обама.

Hillary Clinton
Фотографија: picture alliance/AP

Со ваквата изјава потенцијалната претседателска кандидатка за изборите во 2016 година се дистанцираше од актуелниот американски претседател Обама. Таа како „неуспех“ ја оценува одлуката на САД да не интервенираат порано во сириската граѓанска војна. Таа смета дека со тоа е отворен простор за најекстремната бунтовничка фракција - „Исламска држава“.

„Неуспехот да се помогне во создавањето кредибилна борбена сила на луѓе кои беа зародишот на протестите против Асад остави огромен вакуум, што сега го пополнуваат џихадистите “, изјави Клинтон во интервју за магазинот „Атлантик“. Сирија е длабоко поделена во граѓанската војна која се води во минативе три години, Асад и натаму е на власт, а исламистичките милитанти во опозициските редови добиваат на сила.

Хилари Клинтон се залагаше за вооружување на сириските бунтовници додека беше на функцијата државна секретарка, за време на првиот мандат на Обама.

Обама не е во најдобри односи со израелскиот премиер Нетанјаху, па Клинтон му упати уште еден удар изразувајќи поддршка на НетанјахуФотографија: Reuters

Прашана да го коментира слоганот на Обама: „Не прави глупави работи“, во контекст на надворешната политика, Клинтон изјави: „Големите нации имаат потреба од организациски принципи, а ’Не прави глупави работи’ не е организациски принцип“.

Во интервјуто Клинтон му изразува силна поддршка на Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој има затегнати односи со Обама. Прашана дали Израел преземал доволно чекори за да спречи цивилни жртви, вклучително и деца, Клинтон одговори дека и САД се трудат да бидат внимателни во избегнувањето цивилни жртви во војна, ама некогаш се прават грешки.

„И ние ги правевме. Не знам за некоја нација, без оглед на нејзините вредности, којашто не направила грешки, но на крајот одговорноста останува на Хамас“, рече Хилари Клинтон.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми