1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мал референдум за политиката на Меркел

Фолкер Вегенер/сн13 март 2016

Изборите во три германски покраини ( 13. март) не се само гласање за тамошните парламенти. На нив би можела да падне пресуда и за бегалската политика на канцеларката Меркел.

Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Tittel

Елванген на истокот на покраината Баден Виртемберг има 25.000 жители, речиси и да нема невработени, има многу средни претпријатија. Богата општина. Тука Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е силна. Сѐ уште. Кон крајот на 2014 година ова гратче се најде во ударните вести. Изрази подготвеност да прими до 1.000 бегалци. Елванген стана познат по својата култура на добредојде. Но, дојдоа многу повеќе луѓе од планираното. Во летото 2015 година веќе беа 4600.

Исчезна пријателската атмосфера. Се слушна и еден истрел од огнено оружје. Среде паркинг, еден Сириец е погоден во глава. Среќа, без тешки последици. И масовните тепачки во прифатилиштата за бегалци создадоа нервоза и сомнеж. А сега ќе има избори. Има ли друга тема освен бегалската политика на Ангела Меркел?

Околу 12,6 милиони граѓани со право на глас (во цела Германија ги има нешто помалку од 62 милиони луѓе) во недела (13.3.) ќе можат да излезат на избори во сојузните покраини Баден Виртемберг, Рајнланд Пфалц и во Саксонија Анхалт. Никогаш досега гласовите од провиницијата не биле толку важни за германската сојузна политика. Класичните покраински теми како што се образованието или полицијата останаа во сенка на бегалската политика.

Изборен плакат на Алтернатива за ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi

Левичарите и Зелените ѝ аплаудираат на канцеларката

Категоричното инсистирање на Ангела Меркел на приниципот на отворени граници веќе со месеци создава хаос во класичната поделба на улогите во германските политички арени. Голем дел од опозицијата ѝ аплаудира на канцеларката за политиката на отворени врати. Од друга страна, дури една третина од нејзините демохристијани е јавно против таа политика. Сѐ е наопаку. Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринската партија на ЦДУ, дури се заканува со тужба против канцеларката. Во локалните ограноци на ЦДУ пак раположението се движи меѓу агресија и резигнација. Ретко кога некоја тема толку доминирала во животот во Германија како прашањето дали треба оваа земја во голем стил да ги прима бегалците. Општественото единството се најде на проба од која најголем профит извлече партијата Алтернатива за Геманија- АфД.

Успех на АфД благодарејќи на политиката на Ангела Меркел

Никогаш порано во Германија немало партија која толку брзо доби на значење како АфД. Како глас на граѓаните загрижени поради големиот број бегалци во Германија, таа стекна толку голема популарност што демоскопите очекуваат дека во сите три сојузни покраини партијата ќе освои значително повеќе од 10 насто од гласовите. Нејзини пратеници веќе седат во пет покраински парламенти, а на 13 март ќе влезат уште во три парламенти. За демохристијаните етаблирањето на една таква партија десно од нив претставува вистински кошмар.

Винфрид КречманФотографија: picture-alliance/dpa/M. Murat

Саксонија Анхалт: критички за политиката на Берлин

Иритациите поради општествените промени во Германија никаде не се толку големи како на истокот на земјата. Во Саксонија Анхалт (малку помалку од 2 милиона граѓани со право на глас) на власт е демохристијанскиот премиер Рајнер Хазелоф. Тој под притисок од големиот број бегалци започна да изнесува радикални ставови, но тоа не ѝ донесе голема полза на ЦДУ- граѓаните се вртат кон АфД. Дел од покраинскиот огранок на ЦДУ смета оти бегалската политика на Меркел е целосен неуспех. Хазелоф рече дека неговата покраина не може да прими повеќе од 12.000 бегалци. А дојдоа преку 41.000, при што околу една третина од нив го продолжија патот кон западниот дел на Германија.

Баден Виртемберг и „зелениот“ премиер

Винфрид Кречман, премиерот на Баден Виртемберг, ѝ припаѓа на партијата на Зелените, но вели дека секој ден се моли за Ангела Меркел. Тоа би требало да ѝ годи на канцеларката, но таа е свесна дека првиот „зелен“ премиер на една германска сојузна покраина во текот на последните неколку години покажа дека умее да владее. И тоа со индустриски силниот Баден Виртемберг. Тоа дополнително ги намалува шансите на демохристијаните во таа покраина, исто како и фактот дека таму конкурент на Кречман од редовите на ЦДУ е релативно непознатиот Гидо Волф.

Ангела Меркел и Јулија КлекнерФотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Рајнланд Пфалц: Јулија Клекнер, ЦДУ

Сосема поинакви се шансите на кандидатката на ЦДУ за премиерка на Рајнланд Пфалц, Јулија Клекнер. Оваа политичарка е присутна во медиумите и умее да одржува баланс помеѓу демонстративната верност кон Меркел и контролираните напади врз бегалската политика на германската влада. Таа се смета за духовна ќерка на канцеларката и од 2012 година е една од нејзините заменички во ЦДУ.

Таа уште во 2014 година сфати колку ќе биде значајна темата за бегалците во Германија. Тоа е и главна тема на нејзината предизборна кампања. Клекнер успеа да звучи како критичарка на политиката на Ангела Меркел, што им беше сигнал на загрижените граѓани дека сериозно ги разбира нивните стравови, а од друга страна, вербално сѐ уште е на страна на канцеларката и го поддржува нејзиниот план за заедничка европска бегалска политика.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми