1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клучна недела за Атина во спорот за името

БГ
29 јануари 2018

Грчките медиуми пишуваат дека премиерот Ципрас е убеден дека ќе добие парламентарна поддршка за евентуален договор околу спорот за името со Македонија. Но, најголем проблем е противењето на јавноста

Griechenland Proteste in Thessaloniki Namensstreit Mazedonien
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

Медијаторот на ОН, Метју Нимиц утре во Атина ќе одржи состаноци со претставници на грчкиот државен и политички врв во врска со рамката за решавање на спорот за името која ја предложи на последниот состанок со претставниците на двете држави во Њујорк. Од Атина, Нимиц продолжува за Скопје каде ќе се сретне и со највисоките македонски државни претставници.
И додека во Македонија, саботната средба на власта и опозицијата со претседателот Ѓорге Иванов мина релативно мирно и со изјави кои не откриваа многу детаљи за текот на преговорите, во Грција, премиерот Алексис Ципрас се соочува со големи проблеми да изгради заеднички став со опозицијата, па дури и во сопствената владина коалиција.
Во таа насока, лидерот на партијата Независни Грци (АНЕЛ), Панос Каменос, кој е и актуелен министер за одбрана, денеска ќе го сондира внатрепартиското мислење околу можниот компромис. Каменос и неговата партија досега во неколку наврати соопштија дека нема да прифатат компромис кој ќе вклучува користење на името Македонија од соседната држава.
Грчкиот весник Катимерини денеска пишува дека Ципрас се обидува да обезбеди поддршка од други политички партии во парламентот. Извори од Сириза, за весникот велат дека се разгледува и можноста Каменос да ја напушти владата. Високи владини извори во неофицијален разговор признаваат дека гласањето за договор кој ќе го содржи името Македонија би можело да претставува политичко самоубиство за партијата на Каменос. Од друга страна, во Сириза сметаат дека во случај Независни грци да ја напуштат владата, владината коалиција може да одржи мнозинство во парламентот со поддршка од поединци од АНЕЛ и од партијата Унија на центристи.

Алексис Ципрас и Кирјакос МицотакисФотографија: picture-alliance/NurPhoto/W. Aswestopoulos

Отпор во јавноста

Најголема главоболка е големиот отпор во јавноста за решение кое ќе го вклучува името Македонија. Оттука, големо значење може да игра најавениот митинг в недела во Атина, и неговата масовност, по оној во Солун од пред една недела.

За време на викендот, Ципрас не успеа да обезбеди поддршка за својата политика од речиси ниту една опозициска политичка партија. Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис ја отфрли можноста да соработува со владата во решавањето на спорот и му порача на Ципрас дека „одлучил сам да го изоди патот, па сега не треба да бара соучесници и алиби“. Премиерот му возврати на Мицотакис обвинувајќи го за „неодговорност и опортунизам“.
Лидерката на ПАСОК, Фофи Генимата исто така беше критична кон Ципрас, обвинувајќи го дека не успеал да изгради консензус дома пред да ги започне преговорите. И Генимата, како и лидерот на грчката Комунистичка партија, Димитрис Куцумбас, порачуваат дека освен името, Македонија ќе мора да го смени и Уставот кој, според нив, се уште содржи иредентистички ставови.
Лидерот на То Потами, Ставрос Теодоракис изјави дека неговата партија ќе поддржи сложено име напишано „на словенски“. Според него, има многу подобри имиња од „Горна Македонија“.

Автопатот „Пријателство“

01:26

This browser does not support the video element.

Во дебатата денеска се вклучи и претседателот на државата, Прокопис Павлопулос кој побара од Македонија промени во „правниот поредок и Уставот“ кои нема да остават „никаков простор за иредентизам“. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми