1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води на изборите

АТ/миа27 април 2014

По пребројувањето на гласовите во повеќе од половината од избирачките места во Македонија, во водство е „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Фотографија: MIA

На предвремените парламентарни избори, според Државната изборна комисија, од обработените податоци од 2.091 избирачки места во Република Македонија, односно 59,50 отсто од вкупниот број, во водство е „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 228.950 гласа или 42,47 проценти од гласовите.

СДСМ и коалицијата освоиле 124.811 гласови или 23,15 проценти, ДУИ 85.972 или 15,95 проценти од пребројаните гласови и ДПА 37.710 гласови односно 7,00 проценти. Податоците од овие избирачки места покажуваат дека ГРОМ освоил 14.465 гласови или 2,68 проценти, НДП 7.578 или 1,41 отсто, ВМРО-НП 7.489 или 1,39 проценти.

За претседателските избори, од преброените гласови од 2.160 избирачки места односно 61,50 отсто од вкупно 3.512 во Македонија и во странство, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во предност е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов со освоени 267.016 гласови, додека кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски добил 185.641 глас.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми