1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Распределбата на вакцини ги загрижува ОН

Кристијан Валц
27 март 2021

Вакцините против коронавирусот се многу нерамномерно распределени во светот. ОН сакаат тоа да го коригираат, па со огромно мнозинство донесоа политичка декларација.

Symbolfoto I Belgien - die Corona-Apotheke der EU
Фотографија: Valeria Mongelli/ZUMA/picture alliance

Најголемиот дел од 193-те членки на Обединетите нации се изјасни за рамноправен пристап до вакцините против коронавирусот. Само 13 држави не дадоа поддршка на декларацијата поднесена од Либан. Меѓу нив се Северна Кореја, Мјанмар, Сирија, Централноафриканската Република, Јужен Судан и Сејшелите.

Во декларацијата се изразува „најдлабока загриженост“ што наспроти сите меѓународни „договори, иницијативи и изјави“, вакцините против Ковид-19 сѐ уште се нерамнопрено распределени во светот, и тоа не само меѓу земјите, туку и во одделните земји. Затоа, земјите се обврзуваат да ги „третираат вакцините како глобално јавно добро“ и да „обезбедат праведен и фер пристап за сите“. Во текстот на декларацијата се вели дека меѓународната Ковакс-иницијатива е „соодветен механизам“ за тоа.

Ковакс требаше до крајот на мај да обезбеди речиси 240 милиони вакцини за повеќе од 100 сиромашни земји. Но, иницијативата претрпе тежик удар поради тоа што заглави испораката на вакцини од страна на индискиот производител Serum Institute of India. Поради големите потреби од вакцини во Индија, владата во Њу Делхи во моментов не дава дозвола за извоз.

Фотографија: Ayman Nobani/Xinhua/picture alliance

Светската здравствена организација ги повика богатите земји да донираат најбрзо што е можно вакцини за сиромашните држави. Во наредните денови се потребни 10 милиони дози, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во Женева. Тогаш би можела да почне и вакцинацијата во 20-те земји кои инаку не би почнале со вакцинирање до почетокот на април. Според СЗО, 36 земји досега не добиле ниту една единствена вакцина. Во 16 од нив првите вакцини преку Ковакс ќе пристигнат во текот на наредните 15 дена.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми