1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковачевски: Потребна е храбра одлука за Западен Балкан

ДТЗ
3 јуни 2022

Доколку не се донесе јасна одлука за Западен Балкан, кредибилитетот на ЕУ ќе опадне, и истиот момент национализмот ќе почне да расте, порача македонскиот премиер од Братислава

Nordmazedonien Premierminister Dimitar Kovacevski
Фотографија: Government of North Macedonia

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски од конференцијата за безбедност ГлобСек 2022 во Братислава побара одговор за иднината на Западен Балкан по јуни. „Клучната одлука сега е да се прати јасна порака со храбра одлука за Западен Балкан за тоа како да се продолжи понатаму по јуни“, вели Ковачевски, потенцирајќи дека Европската Унија сега има два проблеми.

„Едниот е доколку не се донесе јасна одлука за Западен Балкан, кредибилитетот на ЕУ ќе опадне, и истиот момент национализмот ќе почне да расте, што е нешто што може да се случи во Западен Балкан, а ние не сакаме да го видиме тоа“, рече премиерот на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“.

Од друга страна, според Ковачевски, процесот за Молдавија, Грузија и Украина веројатно ќе биде сосема поинаков процес, што може да се види и од изјавите од претседателството на ЕУ и некои други претставници од институциите на Унијата, процес за држави кои се уште немаат капацитет и способности да започнат со преговори за пристапување во ЕУ. 

Заслуги и награди  

Според него, пристапувањето кон ЕУ требаше да биде процес што се заснова на заслуги и државата треба да ги имплементира вредностите на ЕУ, како што се демократијата, економскиот просперитет и социјалната правда. „Во нашиот случај 45 проценти од законодавството е усогласено и ако ја споредиме државата со други земји кои веќе преговараат неколку години, тогаш во различни поглавја ние сме многу подобри. Ако ги земеме последните пет извештаи на Европската комисија за напредокот на земјата, истакна Ковачевски, може да видите дека сите тие се позитивни“, вели тој. .

Но, Ковачевски оценува дека проблемот е во тоа што процесот заснован на заслуги е типично политички процес, каде поради начинот на носење одлуки во ЕУ една држава може да го блокира пристапувањето на земја кандидат, што се случува со Северна Македонија во моментот и тоа се прави исклучиво на политички основи и поради политички причини.

Северна Македонија веќе 17 години е кандидат за членство во ЕУ. Последните надежи се дека ситуацијата би можела да се смени за време на француското претседавање со ЕУ, а во јавноста се почесто се споменува „пакетот предлози на Макрон“како можен излез од лавиринтот во кој западнаа македонско-бугарските односи по ветото во 2020 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми