1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковачевски и Шолц разговараа за проширувањето на ЕУ

ДТЗ
24 март 2022

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската, порача Ковачевски.

Belgien Dimitar Kovacevski und Kanzler Olaf Scholz in Brüssel
Фотографија: Government of Northern Macedonia

Војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување, туку и геостратешко позиционирање во регионот. Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската. Ова е пораката која што му ја пренел македонскиот премиер, Димитар Ковачевски на канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. Средбата се одржа во рамките на неговата работна посета на Брисел, каде учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО.

Од Владата соопштија дека двајцата соговорници на средбата изразиле големо задоволство од континуираниот развој на пријателските односи кои се рефлектираат и во економската соработка и трговската размена.

„Двајцата шефови на влади ги нагласија заеднички споделените ставови во однос на воената агресија на Русија во Украина, при што премиерот Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија се приклучи кон санкциите на ЕУ кон Русија согласно целосната усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Брисел“, информираат од Владата.

Ковачевски го информирал канцеларот Шолц за напредокот во дијалогот со Бугарија кој има за цел да го деблокира процесот за свикување на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Брисел за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми