1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковидот урива рекорди во Германија

БГ /дпа
18 ноември 2021

Здравствените власти во Германија во четвртокот регистрираа нов рекорд на нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа. Надлежните алармираат дека земјата е соочена со „сериозна криза“.

Weitere Entwicklung in der Corona-Pandemie
Германија ја очекува тежок Божик, вели претседателот на РКИ, Лотар ВилерФотографија: picture alliance/dpa

Институтот Роберт Кох (РКИ) пријави нови 65.371 случаи на новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа, со што во земјата, за првпат од почетокот на пандемијата, е надмината границата од 60 илјади новозаразени дневно. Седумдневната инциденца се искачи на 336.9 на 100.000 жители.

„Влегуваме во сериозна вонредна состојба. Ќе имаме многу непријатен Божик доколку не делуваме за да го сопреме ова“, изјави претседателот на РКИ, Лотар Вилер.

Најголема инциденца се бележи во покраината Саксонија каде се регистрирани 742.2 случаи на 100.000 жители. 

Инфекциите експлодираат: Поставени насоките за новата корона-политика во Германија

Во четвртокот советничкото тело за вакцинација во Германија (Стико) препорача бустер вакцинални дози за сите над 18 години во земјата. Препораката е бустер дозата да биде мРНА вакцина и да се дава шест месеци по последната примена доза. 

Тест за новата влада 

Новите бројки беа објавени во пресрет на парламентарната дебата за кризата на која идната тројна владејачка коалиција се очекува да претстави мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Дебатата во Бундестагот ќе биде првиот голем предизвик за трите коалициски партнери во идната влада: Социјалдемократите, Зелените и Либералите. 

Меѓу мерките кои се предлагаат е и задолжителен доказ за вакцинација за сите патници во автобускиот и железничкиот превоз или доказ за прележан вирус, како и затворски казни до пет години за оние кои фалсификуваат корона- сертификати. 

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел ја очекува нова средба со покраинските премиери за мерките против коронавирусот. Фотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Германија: Темната бројка на инфицирани е огромна

Попладнето, канцеларката во заминување Ангела Меркел ќе одржи состанок со премиерите на 16 покраини. Премиерите бараат унифициран пристап во однос на правилата и рестрикциите, откако досега секоја покраина водеше сопствена политика.

Експертите, како Вилер, препорачуваат итно зголемување на стапката на вакцинирани во земјата, од актуелните 67,7% на најмалку 75%. Во некои германски региони таа стапка е уште пониска и се спушта до 57,6%. Вилер бара и затворање на сите клубови и барови, затворање на сите големи настани и ограничување на пристапот до јавниот живот само за оние со сертификати за вакцинација или прележан вирус. Вилер предупредува дека болниците во Германија веќе не можат да најдат слободни кревети за пациенти со ковид, но и за оние со други болести.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми