1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковид: Во десет ЕУ-земји ситуацијата е„многу загрижувачка“

ЖА
12 ноември 2021

Во десет држави од ЕУ ситуацијата со коронавирусот е „многу загрижувачка“, во други 13 е „загрижувачка“, соопшти ЕЦДЦ. Австрија е пред воведување локдаун за невакцинираните, во здравството ќе има задолжителна вакцинација

Symbolfoto Corona-Ampel in der EU
Фотографија: Bildagentur-online/Ohde/picture alliance

Според оценката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, ситуацијата со пандемијата на коронавирус во десет членки на ЕУ е „многу загрижувачка“, а во натамошни 13 е „загрижувачка“. Во првата група спаѓаат меѓу другите Полска, Холандија, Белгија и Чешка.

Бројот на ковид-новоинфицирани во цела Европа расте со недели. Германската влада денеска најави дека Австрија, Чешка и Унгарија повторно ќе ги внесе во категоријата на области со висок корона-ризик. Патниците од овие земји во Германија мораат да одат во карантин, доколку не се целосно имунизирани или излечени.

Поради драстично растечкиот број на новодијагностицирани инфекции со коронавирус, Холандија, според медиумите, се наоѓа пред делумен локдаун, кој би содржел ноќен полициски час за ресторани, барови и продавници кои не спаѓаат во категоријата за задоволување на основните потреби на граѓаните. Од граѓаните повторно ќе се бара да работат од дома.

Австрија со рестрикции за невакцинираните Фотографија: picture alliance / HERBERT PFARRHOFER / APA / picturedesk.com

Ситуацијата се заострува и во Австрија, истакнува тамошниот министер за здравство, Волфганг Микштајн. Тој посегнува повторно по рестриктивни мерки, меѓу другите и задолжителна вакцинација за вработените во здравствениот сектор. В недела треба да биде дадено „зелено светло“ за локдаун за невакцинираните, како што најави канцеларот Александер Шаленберг. Тоа би значело дека лицата кои не се имунизирани против коронавируссвојот дом ќе смеат да го напуштаат само поради одредени неодложни причини. Шаленберг исклучи воведување локдаун за сите граѓани.

Меѓу здравстените експерти во меѓувреме постои сомнеж дали ригорозните ограничувања за невакцинираните се во согласност со уставот. Многуте инфекции кај веќе вакцинирани лица го доведуваат во прашање тврдењето дека наглиот пораст на новозаразени е последица само на пандемија на невакцинираните.

Денеска во Австријасе регистрирани речиси 12.000 нови инфекции, седумдневната инциденца достигна веќе 776.

Речиси 65 % од австриското население е целосно вакцинирано против ковид, што е во рамките на просекот во ЕУ. Но, многу европски земји, вклучувајќи ја и Германија, имаат повисоки квоти на имунизација. Од понеделникот во Австрија важи правилото 2Г во бројни области на јавниот живот, што значи дека само вакцинирани и излечени од коронавирус имат пристап во ресторани, кафулиња, хотели и културни манифестации. Оттогаш расте интересот за вакцинирање кај австриските граѓани.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми