„Експлозивно“ ширење на коронавирусот во Северна Кореја?
СН/агенции
13 мај 2022
Еден ден откако официјален Пјонгјанг ги потврди првите инфекции со коронавирусот, пријавен е и првиот смртен случај од ковид во земјата, како и повеќе од 350 илјади случаи на „треска од непознато потекло“.
Реклама
Цели две години севернокорејските власти тврдеа дека земјата не е погодена од пандемијата на коронавирусот. Вчера, меѓутоа, првпат официјално беа пријавени случаи на ковид во земјата а денеска е воведен локдаун на национално ниво и пријавен и првиот смртен случај. Севернокорејските државни медиуми соопштија дека од крајот на април шест лица починале со треска од засега непознато потекло која „експлозивно“ се проширила во земјата. Само кај едно од од шесте лица кои починале било потврдено дека е заразено со сојот Омикрон на коронавирусот.
Државните медиуми уште јавија дека повеќе од 350.000 за кратко време развиле „треска од непознато потекло“. Од нив, 262.200 целосно оздравеле, додека денеска се откриени 18.000 лица со слични симптоми, а во 187.800 се и натаму во изолација поради лечење.
Засега не е јасно колку од овие лица навистина биле заразени со коронавирусот. Северна Кореја, сметаат набљудувачите, веројатно нема доволно тестови за откривање на корона-инфекциите ниту друга медицинска опрема. Според нив, меѓутоа бројките укажуваат на можниот обем на ширење на вирусот во земјата,
Се претпоставува дека забрзаното ширење на инфекциите било поради масовната воена парада во Пјонгјанг на 25 април, каде севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, пред десетици илјади луѓе ги прикажа најмоќните ракети од воената нуклеарна програма.
Аналитичарите од јужнокорејскиот институт Сејонг соопштија дека темпото на ширење на вирусот сугерира оти кризата би можела да потрае со месеци, а веројатно и во текот на 2023 година и дека би можел да предизвика големи пореметувања во Северна Кореја.
Некои стручњаци велат оти признавањето дека избила пандемија во Северна Кореја зборува за подготвеноста на државата да прифати помош која ја одби минатата година од програмата за дистирибуција на вакцини Ковакс која ја поддржува ОН, и одби милиони дози вакцини од АстраЗенека и од кинескиот Синовак.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Јужна Кореа понуди помош, а кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти и оти Пекинг ѝ нуди на Северна Кореа сѐ што е потребно во борба против епидемијата.
Ким денеска го посети штабот за борба против коринавирусот и ги критикуваше официјалните лица, како што наведе, поради неуспехот да ја спречат „ранливата точка во системот за превенција од епидемијата“.
Тој додаде оти ширењето на епидемијата е насочено кон главниот град Пјонгјанг, и ја нагласи важноста за изолација на сите работни и стамбени единици едни од други, и дека истовремено треба да им се пружи сѐ на жителите сѐ што им е потребно за време на локдаунот.