1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО загрижена поради епидемиолошката состојба на Балканот

ЕМФ | агенции
18 март 2021

Светската здравствена организација изрази голема загриженост поради ширењето на коронавирусот на Балканот и во централна Европа.

Mazedonien Coronavirus Uniklinik in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

„Особено сме загрижени поради епидемиолошката состојба на Балканот, како и во многу земји од централна Европа“, изјави денеска Кетрин Смолвуд, регионална директорка на СЗО за Европа. Пандемијата е „најакутна“ во региони „каде контролата на болеста во првите шест месеци од 2020 година“ била успешна, додаде Смолвуд на прес-конференција во Копенхаген. Според неа, бројот на пациенти со Ковид-19 кои завршиле во болница и бројот на починати сега во овие земји се највисоки во светот. СЗО Европа е надлежна за 53 држави и територии, меѓу кои и Русија и повеќе централноазиски земји.

Повеќе:

Полицискиот час останува, дополнителни рестрикции нема 

Ковид-19: Болниците брзо се полнат, слободни кревети сѐ помалку

СЗО: Пандемијата може да се контролира

Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге, предупреди дека во Европа сѐ уште нема доволно вакцини за да се сузбие коронавирусот. „Инциденцијата продолжува да се зголемува и се движи кон исток“, рече Клуге. Бројот на новоинфицирани се зголемува три недели по ред и само во текот на изминатата недела во регионот за кој е тој надлежен имало повеќе од 1,2 милиони нови инфекции, рече Клуге.

Клуге: Во Европа сѐ уште нема доволно вакцини за да се сузбие коронавирусотФотографија: Alberto Pizzoli/AFP/Getty Images

Тој укажа дека во моментов многу европски земји се во делумен или целосен локдаун поради пандемијата. Некои држави, меѓутоа, почнуваат да укинуваат рестрикции поаѓајќи од тоа дека вакцинацијата против коронавирусот ќе ја подобри ситуацијата. „Вакви рамзислувања се преуранети“, предупреди Клуге. Но, на долг рок, „вакцините делуваат и ќе доведат до враќање во нормалност“, потенцира тој.

Бројот на починати од корона во Европа во вторникот надмина 900.000. Со тоа Европа е регион со далеку најголем број жртви во пандемијата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми