1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-предупредување на САД: Не патувајте во Германија

СН/агенции
23 ноември 2021

Поради високите стапки на новозаразени со коронавирусот, САД издадоа предупредување за патување во Германија. Американците се предупредуваат да не ја посетуваат и Данска.

Затворениот божикен панаѓур во Дрезден: И за Американците не е дестинација за патување
Затворениот божикен панаѓур во Дрезден: И за Американците не е дестинација за патувањеФотографија: Robert Michael/dpa-Zentralbild/dpa/picture alliance

Американскиот Стејт Департмент вчера предупреди да не се патува во Германија поради моменталното забрзано ширење на коронавирусот во земјата, а на пописот високоризични земји се наоѓа и С. Македонија.

Предупредувањето на Стејт Департментот од ниво 4 за патување во Германија е поврзано со најновата проценка на ситуацијата од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

„Избегнувајте патувања во Германија. Ако морате да одите таму, целосно вакцинирајте се пред патувањето“, предупредува ЦДЦ. „Поради моменталната ситуација во Германија, дури и за целосно вакцинираните се заканува ризик да се заразат и да ја шират варијантата на Ковид-19“, додава ЦДЦ.

Германија се соочува со пораст на бројот на заразени и медицинските стручњаци и канцеларката Ангела Меркел предупредија дека болниците  во некои сојузни покраини веќе водат борба за секој слободен кревет. Бројката на новозаразени во земјата се удвојува на секои 12 дена.

Германија и Данска се меѓу државите за кои е објавено предупредување од ниво 4, највисок степен на скалата на ЦДЦ. Предупредување од ниво 4, исто така, се применува и за други земји во Европа кои во моментов се тешко погодени со пандемијата, меѓу нив се Белгија, Хрватска, Унгарија, Австрија и Холандија. За С. Македонија уште од 30 август има предупредување од ниво 4 во САД.

За Франција и за Италија се применува ниво 3, во рамки на кое патниците се повикуваат да ги разгледаат своите планови за патување.

Пред пандемијата со коронавирусот, највисок степен на предупредување главно беше резервиран за земји, како Авганистан и Ирак, во кои траат кризи и конфликти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми