Разликите во начинот на кој се собираат податоците, може да создадат лажна перцепција за реалните состојби со Ковид-19
Реклама
Тестирај, тестирај, тестирај, или блефирај? Дали од пристапот кон некој од овие два екстрема, зависи која земја како ќе котира на мапата на СЗО во однос на состојбата со Ковид-19? Прашањата не се без основа, ако се има предвид дека тестирањата се сведени на симболично ниво, на пример, во земји кои главните приходи ги очекуваат од туризмот. Во земји кои помалку тестираат, особено по олабавувањето на мерките за заштита, соодветно се откриваат и многу помалку случаи на новозаразени. На тој начин само административно/ вештачки се одржува епитетот „безбедни“, за разлика од други земји кои го губат тој статус заради несмален или зголемен број тестирања и скрининзи меѓу населението. Во овој корупс спаѓа и реалната транспарентност во сподолувањето на податоците за бројката на заразени, со оглед дека за некои земји се врзани сомнежи и индиции за водење „двојно книговодство“: едни подотаци за властите, други за јавноста и СЗО.
Како да не им дадете шанса на вирусите и бактериите во кујната?
Во време на пандемија на коронавирусот особено важна е хигиената, не само личната. Редовното и правилно миење раце е главната „заповед“ за личната хигиена но постојат и златни правила за хигиена во кујната.
Фотографија: Johanna Schmeller
Слушајте ја мајка ви!
Уште од мали научивме: рацете мора задолжително да се мијат пред јадење. Истото важи и за готвењето. Дури и повнимателно, затоа што кога готвиме, можеме да ја загадиме храната со бактерии, која потоа сите ќе ја јадат. Правилното миење на рацете трае најмалку 30 секунди. Насапунети треба да бидат ноктите како и наборите меѓу прстите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Само еднаш не е доволно
Задолжително мијте ги рацете не само пред да започнете со готвењето, туку и во текот на целиот процес. Особено ако сте допреле сурово месо, риба, јајца или отпадоци. Бидејќи сите тие се носители на бактерии кои не треба да се шират на другите производи. Особено на суровата храна, како што се салатите или доматите.
Фотографија: dapd
Одделно месо, одделно зеленчук
За да се избегне контаминација меѓу различните производи, за животинските производи не треба да се користат исти алатки како за другите производи. Ова е особено важно за ножевите и за даските за сечење. Најдобро е да имате специјална даска и специјален нож само за сурово месо. Инаку, пред да ги користите за сечење на зеленчук, даската и ножот треба да се измијат со детергент и со топла вода.
Бактериите се минијатурни. Она што нам ни изгледа како гребаница е огромна шведска маса за салмонелата. Изгребаните кујнски даски многу тешко се мијат. Значи, ако даската е веќе премногу изгребана - подобро да купите нова.
За нас драскотина, за бактериите - вселена
Фотографија: picture-alliance/L. Halbauer
Менувајте ги почесто!
Кујнските крпи, сунѓери и четки се омилено засолниште за бактериитеи вирусите. Затоа, по секоја употреба, тие треба да се исплакнат со врела вода, а потоа да се исушат. Кујнски сунѓери и крпи не треба да се користат повеќе од неколку дена. Потоа треба да ги замените или да ги ставите во машината за перење на 70 степени.
За крпите истото важи како и за сунѓерите: по употребата тие треба да се исушат и да се заменат најмалку еднаш неделно. Со овие крпи, во никој случај не треба да сушите сурово месо или да ги бришете остатоците од протеини - за оваа намена користете хартиени крпи и потоа веднаш фрлете ги.
Фотографија: picture alliance/chromorange/B. Türk
Во ладно. И во кутии.
На температура под 7 Целзиусови степени, повеќето микроорганизми или не се репродуцираат или го прават тоа многу бавно. Затоа храната која брзо се расипува како месо, риба или јајца треба да се чуваат во најстудениот дел во фрижидерот - обично во кутиите на дното. Многу е важно редовно да се мие внатре фрижидерот, бидејќи во спротивно ќе се појават цели колонии бактерии.
Фотографија: Colourbox
Жешко!
Безбеден начин да се уништат вирусите и бактериите е високата температура. Затоа месото, рибата и јајцата секогаш треба да бидат добро термички обработени. Што значи дека внатрешноста на овие намирници треба да се загрева на најмалку 70 степени и најмалку 2 минути. Салатите, зеленчукот и овошјето кои се јадат свежи мораат да бидат добро измиени. И само тогаш можеме да посакаме: Добар апетит!
Одговорите на овие прашања се важни, ако се има предвид дека само од објективните податоци во претстојниот период ќе зависи овозможената мобилност на граѓаните од една во друга/други земји, односно спреченот во слободното движење. Растечкиот број на нови случаи позитивни на Ковид-19 во Северна Македонија во моментов предизвикува огромна загриженост, а на мапите на СЗО земјава „островски“ се издвојува од остатокот на регионот и Европа според бројката на смртност, но и растот на заразени. Дали овде навистина има ендемски раст на заразени со трицфрени бројки? Споредбените податоците со состојбите во регионот велат - не!
На пример, во Србија од 7.311 тестирани вчера беа потврдени 137 нови случаи на позитивни на корона вирусот, и еден смртен случај. Бројката на 861 лице хоспитализирани до средата, до вчера (четврток) се искачила на 954. Во Бугарија е надминат неодамнешниот рекорд од 134 нови заразени во едно деноноќие. По вчерашните 2.775 тестирања, таа бројка денеска изнесува 166, и два смртни случаи (досега 211). Активни случаи се 1.827, од кои хоспитализирани се 384.
Во Хрватска, која се надева приходи од туристичката сезона, а на 5-ти јули ќе има и предвремени парламентарни избори, во изминатото деноноќие се спроведени 256 тестирања, од кои се потврдени 28 нови случаи, а 80 лица испратени во самоизолација.
Видливо е дека бројките на тестирања драстично се разликуваат од земја во земја, а се поврзуваат со локални цели и интереси. Во Србија, на пример, бројката на тестирања беше многу помала пред одржувањето на парламентираните избори, а порасна по нивното завршување. Џихан Тавила, претставничка на Светската здравствена организација во Македонија, во емисијата „Код“ неодамна појасни дека стратегиите за тестирање кај сите земји се различни, појаснувајќи дека како се зголемува бројот на тестирања, така и ќе се зголемува бројот на новозаразени лица со Ковид-19. Таа ги отфрли тврдењата дека Северна Македонија има највисока стапка на смртност од ковид-19 во регионот.
„Треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, поради можните разлики во начинот на кој се собираат податоците и тоа што го знаеме е дека податоците можат единствено да бидат интерпретирани и разбрани во локалниот контекст. Како резултат, секогаш ќе има ограничувања во обидите да се прават споредувања и нема секогаш иста конзистентност на податоците за смртните случаи меѓу земјите“ потенцираше Тавила.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Земја со забрзан пренос
Но, врз основа на вакви невоедначени пристапи, СЗО констатира дека „забрзан пренос е регистриран во 11 земји, во кои е предизвикан значителен раст на заразени што доколку се остават без надзор ќе ги ‘донесат до работ’ здравствените системи“. Би-би-си објави дека меѓу државите кај кои е нотирана брза трансмисија на вирусот се Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Шведска и Украина.
Она што засега не може да и се забележи на Северна Македонија, е обемот на тестирања и транспарентноста. Тоа вчера го потврди и советникот на регионалниот директор на СЗИ, Фабио Скано, кој беше во тридневна посета на земјава.
„Северна Македонија е транспарнетна и во однос на заболените и во однос на на бројот на починати од Ковид 19 (...) Поуката што треба да ја извлечеме е дека до пронаоѓањето на делотворна вакцина, не смееме да се опуштиме, односно да го спуштиме градот. Дејствата што ќе се преземат овие денови, но и во неделите и месеците кои претстојат ќе бидат критично важни со цел да се спречат случаите на новозаразени и да се спасат човечки животи “, изјави тој на вчерашната прес-конференција, нагласувајќи дека „отворањето на границите е тешка одлука“.
А токму од денеска стапува во сила одлуката за слободно влегување во земјава без обврска за негативен тест и изолација. Земјава на 17-ти јуни ги отвори граници, но наметна обврска за оние што влегуваат задолжително да имаат негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа, и да останат во самоизолација, а доколку немаат тест тогаш да одат во државен карантин.
По слободниот влез без обврска од тест и карантин, Владата синоќа донесе одлука, со која и граѓаните кои во периодот од 13-ти до 25-ти јуни влегле во земјава со негативен ПЦР-тест и се во домашна самоизолација, како и оние што не направиле тест и се во државен карантин, се ослободуваат од овие мерки.