1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19 во Бразил: Плажите полни, болниците преполни

01:16

This browser does not support the video element.

СН/дв
28 јануари 2021

Ситуацијата со пандемијата во најбројната јужноамериканска држава останува драматична. И покрај константно големиот број на нови инфекции и на смртни случаи од Ковид-19 во Бразил нема локдаун на национално ниво. Освен тоа во земјата се шири и домашната мутација на вирусот.

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани 1.283 смртни случаи поврзани со инфекција на коронавирусот, а забележани се уште 63.630 новоинфицирани, соопшти бразилското министерство за здравство.

Бразил, во кој се регистрирани над 220.000 смртни случаи, е на второто место во светот, веднаш по САД, по бројот на починати поради последици со инфекција на коронавирусот.

Според податоците на министерството за здравство на оваа јужноамериканска земја, од почетокот на пандемијата вкупно се заразени речиси 9 милиони луѓе.

Фотографија: Fernando Souza/dpa/picture alliance

Актуелниот висок број на нови инфекции во Бразил, според бројни научници веројатно се должи и на мутацијата на вирусот која е откриена во оваа земја. 

Повеќе:

-Преку 20 милиони инфицирани со коронавирус во светот

-Фотографија на денот: Вакцинирање во Бразил

-Корона-рекорди во САД, Бразил и Индија

Според Светската здравствена организација, бразилската варијанта на коронавирусот досега е потврдена во вкупно 8 земји.

Бројот на земји и територии во кои, пак, е присутна новата варијанта на коронавирусот откриена во Велика Британија се зголеми на 70, односно 10 земји повеќе во однос на 12 јануари, соопшти СЗО.

Видот на коронавирусот кој е откриен во Јужна Африка, кој како и британскиот побрзо се шири отколку основниот САРС-КоВ-2, исто така, продолжува да се шири во другите земји и сега е присутен во 31 земја и територии, наведе СЗО.

Ширум светот во тек се истражувања кои треба да утврдат зошто сојот откриен во Велика Британија е позаразен.

СЗО наведе дека варијантите на коронавирусот кои се различни од основниот вирус со време се појавуваат поради различни мутации и додаде дека ова е нормална појава за вирусите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми