Ковид-19: Грцијa етапно ќе ги ублажува рестрикциите
СН/дв
28 април 2020
Строгите мерки, воведени од самиот почеток на епидемијата, очигледно вродија со плод во борбата против коронавирусот. Грција е меѓу земјите со најниска стапка на смртност од Ковид-19 во Европа
Реклама
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, денеска порача дека од 4 мај во земјата постепено ќе се започне со ублажување на рестриктивните мерки така што ќе почнат со работа помалите трговски продавници, фризерските и козметичките салони.„Бидејќи помина првиот бран од вирусот, сега сме подготвени да преминеме на втората фаза, а тоа е постепено ублажување на рестриктивните мерки“, изјави Мицотакис во телевизиско обраќање.
Грчкиот премиер рече дека на 4 мај ќе бидат укинати рестрикциите за движење на граѓаните, а одделни продавници и јавни служби повторно ќе бидат отворени. Тој додаде дека движењето на граѓаните ќе биде ограничено на зоната во која живеат.
„Но, водете сметка, тоа не е крај на една лоша авантура, туку нејзино продолжување. Ќе излеземе од домовите, но остануваме одговорни“, рече Мицотакис повторувајќи оти приоритет останува здравјето на граѓаните.
Мицотакис додаде дека ќе биде задолжително носење на заштитна маска во јавен превоз, во болниците и во фризерските салони. Физички активности ќе бидат дозволени од 11 мај на отворено и на море, но оти приватните плажи и натаму ќе останат затворени.
Коронавирус: Туристички атракции без посетители
Поради коронавирусот морничава тишина владее на многу туристички знаменитости, особено во Италија, но и во други земји. Погледнете како изгледаат овие места сега без вообичаените турканици..
Туристичките атракции во Италија се особено погодени од кризата со коронавирусот. Целата земја е во карантин. Продавниците се затворени, туристите ја напуштија земјата. Плоштадот Свети Петар во Рим е затворен, музеите и знаменитостите веќе не се отворени за јавноста.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/G. Galazka
Тивкиот Милано
На северот на Италија, само големи групи гулаби се осмелуваат да излезат на улиците. Катедралата во Милано се извишува осамена и напуштена кон небото. Во Италија има полициски час на национално ниво. На луѓето им е дозволено да ги напуштат своите домови само кога одат на работа или кога одат да купат неопходни намирници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno
Празни места во Мадрид
По Италија, Шпанија е втората европска земја која е најпогодена од кризата со коронавирусот. Досега нема прогласено полициски час. Плоштадот Махор, обично пулсирачкиот центар на Мадрид е празен. Огромниот плоштад обично го посетуваат стотици илјади туристи секоја година. Во околината има повеќе од 3.000 ресторани, барови, кафулиња и таверни.
Жителите на Австрија, исто така, не можат веќе слободно да се движат. Од вторникот (18. март 2020) сите пабови и ресторани, покрај останатото, се затворени. Обележјето на Виена - катедралата Свети Стефан- е затворена за посетители, црковните служби се одвиваат без верници и се емитуваат на радио. И вообичаено многу посетениот плоштад пред катедралата е празен.
Карловиот мост во Прага вообичаено е преполн. Обележјето на градот сега е тивко. Чешката Република прогласи вонредна состојба поради кризата со коронавирусот и воведе широка забрана за влез и излез од земјата. Сите прекугранични транспортни врски со возови и со автобуси, исто така, се запрени. Слободата на движење на жителите е строго ограничена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/D. Josek
Франција во вонредна состојба
Претседателот на Франција рече дека земјата е во војна против коронавирусот. А министерот за внатрешни работи ги нарече „воени сојузници“ сите оние кои сега остануваат дома. Онаму каде што обично се разминуваат илјадници луѓе - Ајфеловата кула или Лувр во Париз - деновиве ретко може да се види некој.
Фотографија: picture-alliance/abaca/E. Blondet
Берлинските знамениости затворени
Берлин е сѐ попразен, иако сè уште не е прогласен полициски час. Знаменитостите како Рајхстагот се затворени. Театрите и музеите, исто така. Туризмот е ставен на пауза во Германија. Хотелите и останатото сместување сега можат да се користат само за „неопходни и исклучиво нетуристички цели“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Туризмот во режим на спиење
Дури и јавните знаменитости се празни. На улиците има само неколку туристи, како кај Бранденбуршката порта. Но, дури и ако сега има целосно чист поглед на обележјето на Берлин, посетата и не е баш забавна.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken
8 фотографии1 | 8
Одредени училишта ќе бидат отворени од 11 мај, додека од 17 мај верниците ќе можат да присуствуваат на литургии во црквите. Рестораните и хотелите ќе ги продолжат своите активности од 1 јуни. Во Грција беше воведен карантин од 23 март.
Досега во земјата од Ковид-19 се заболени 2.534 лица, 136 починаа, а излечени се 577 лица. Грција во меѓувреме ја има една од најниските стапки на смртност од Ковид-19 на 100.000 население.