1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Полицискиот час само ќе го продолжи проблемот, вели Заев

БГ
18 ноември 2020

Во интервју за ДВ, премиерот Зоран Заев вели дека евентуалното воведување на дополнителен полициски час поради пандемијата на коронавирусот, нема да го реши проблемот, туку само ќе го одолжи.

Nordmazedonien DW-Interview Premierminister Nordmazedoniens Zoran Zaev
Фотографија: Regierung Nordmazedoniens

ДВ: Северна Македонија е во европскиот и светскиот врв по бројот на новозаразени и починати од коронавирусот. Има многу критики за тоа како владата и здравствениот систем се справуваат со пандемијата. Зошто, и покрај високите бројки, се уште се доцни со порестриктивни мерки какви што веќе воведоа речиси сите европски земји?

Заев: И кај нас постојат ограничувањата. Угостителските објекти работат до 21 часот. Има препорака за забрана за движење после 21 часот. Имаме мерки со сериозни санкции за лична заштита, дистанца, дезинфекција и слично. Мерките кои ги имаме постојат и во другите земји. Бев во Германија пред два дена, видов и таму што се случува: функционира животот, економијата, граѓаните се внимателни ги почитуваат мерките. Дури и таму каде што има карантини се истите резултати. Ако ги споредиме бројките во Шведска, во Германија, Словенија, Франција со нашите- држиме некој просек затоа што тоа е бранот, секаде е присутен. Сите се фокусирани на здравствениот систем. Како да ги мотивираат, охрабрат и зајакнат своите здравствени капацитети. Прво човечки: лекари, сестри, медицински персонал, а потоа и физичките капацитети како легла и соби. Тоа и ние го правиме, и досега успешно го правиме. Гледаме да обезбедиме повеќе, за да има колку што е потребно. Во моментов се случува и кај нас она што се случува во другите земји. Факторот на преносливост е спуштен од 1,52 на 1 ноември сега е 1,02... Бројките на заразени се околу илјада, и впечатокот, од она што го пренесува министерот за здравство од Комисијата, е дека ако воведеме полициски час од 17 часот, тоа ќе ја намали бројката од просечни 1,000 на 700. И наместо да трае ваквиот период со константа од илјада новозаразени за 95 дена, со полициски час од 17 часот ќе трае 165 дена, ама нема да бидат илјада, туку 700 новозаразени. Затоа е важен менаџментот со севкупните болнички капацитети, наспроти бројките. И веројатно, ако не можеме да се справиме, затоа што се истоштени и лекарите и персоналот, и нема доволен капацитет, тогаш ќе се стегнеме. Се додека постои можност не треба да се воведуваат рестрикции и треба да се остави простор бранот сам по себе да падне како што се случува и во другите земји. Не сум експерт, но ова го кажуваат стручните луѓе од здравствената Комисија.

Деновиве се дискутира и за нови мерки, не знам дали се работи за „локдаун“, но верувам дека тоа стручно ќе се анализира. И претседателот на државата најавува седница на Советот за безбедност за овие прашања и верувам дека ќе се донесат соодветните одлуки.

Погледнете го целото интервју со премиерот Зоран Заев: 

Голема е горчината што нашите пријатели ни ставија блокада

26:25

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми