1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: Критично во Солун, погодено секое петто семејство

БГ /РТР
13 ноември 2020

Огромниот број новозаразени од коронавирус го стави здравствениот систем во вториот по големина град во Грција на работ на своите можности, предупредуваат здравствените работници.

Griechenland Corona-Pandemie | Krankenhaus Athen
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Lolos

Минатата недела Грција воведе тринеделен карантин на целата територија, по вторпат годинава, во обид да го сопре ширењето на инфекциите на Ковид-19 и да го намали притисокот врз болниците, особено во Солун.
Навидум изгледаше дека градот го сопрел вирусот, но во само еден месец, успешната приказна се претвори во сериозна криза.
Градоначалникот на Солун вели дека за растот е виновна опуштеноста на граѓаните. Речиси секое семејство има по еден заразен.

„Болничкиот систем е веќе на граница“, вели Василис Вуцас, 50-годишен лекар кој работи на одделението за интензивна нега за пациенти со ковид во болницата Папаниколау, која е веќе преполна. 
„Мојот страв е дека бројот на пациенти ќе биде толку голем што нема да можеме да ги третираме сите“. 

- повеќе на темата: Грција- загубена туристичка сезона

Во средата Грцијата регистрираше 2,752 нови случаи, со што вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата достигна над 63,000. Досега 909 лица починаа од вирусот. Грција досега ја мина пандемијата далеку подобро од некои други европски држави, како Италија и Шпанија.

Улица во Атина по почетокот на полицискиот часФотографија: Pierre Berthuel/ZUMAPRESS/picture alliance

И покрај тоа што има речиси двојно помалку население од главниот град Атина, во последниве денови Солун регистрира далеку повеќе случаи. Во четвртокот во Солун се регистрирани 777 новозаразени, наспроти 635 во Атина.
Доктор Георгиа Василиаду, која работи во интензивното одделение во истата болница, вели дека бројот на пациентите се зголемил за петпати.

„Се надеваме дека нема да стане полошо но подготвени сме. Нема да си заминуваме одовде, нема да одиме дома“, вели таа.
Премиерот Кирјакос Мицотакис пред парламентот изјави дека очекува вакцина уште во јануари. Но лекарите се умерени оптимисти на тој фронт.

„Воздржан сум за тоа кога ќе дојде кај нас, колку ќе биде ефективна и кој дел од населението ќе биде вакциниран на време“, вели Вуцас.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми