Во Мексико, во моментов, нарко-картелите се натпреваруваат со акции за помош на сиромашните. Зашто пандемијата ги погоди и криминалците, а на мафијата и е важно да ги одржи контролата и влијанието.
Фотографија: Reuters/F. Carranza
Реклама
Името беше брзо смислено: „Пакети со храна од Чапо“. Така мексиканските медиуми ги викаат пакетите со прехрамбени продукти кои на населението, секако само пред камери, ги дели ќерката на еден од најпознатите мексикански шефови на картели - Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Алехандрина Гузман подготвено објаснува дека тоа е помош во оваа пандемија, пред сѐ за старите и за немоќните. Нејзиниот татко и шеф на картелот Синалоа веројатно знае што прави неговата ќерка, иако е екстрадиран во САД и таму е во затвор. Секако, нејзиниот татко беше подготвен и да убие ако кој било во лице му кажеше дека има некаква врска со дрога и со наркотици, а тоа уште повеќе важи за неговата ќерка.
Таа е моден креатор, а во мексиканската сојузна држава Халиско ја има регистрирано и модната марка „Ел Чапо 701“ - и тука е веќе креиран прекарот на модниот тренд: „Narko-Chic“. Алехандрина со помошници во сиромашните населби дели пакети со лого од модната фирма во кои има тоалетна хартија и ориз. Секако, сѐ пред камерите и само што ќе замине од населбите каде што ги дели пакетите, на социјалните мрежи се појавуваат видеа и фотографии од нејзината акција.
Семејството Гузман само го следи трендот: голем број мексикански криминални банди во изминатите денови упадливо често се трудат да предизвикаат внимание на јавноста со делење пакети за помош. Државните служби не можат да сторат ништо: пакетите ги делат невооружени цивили, вели градоначалникот на Сан Луис Потосиа, Хавиер Нава, каде што е активен квартелот Халиско Нуева Генерасион. Но, сега тие делат пакети, така што државните служби немаат никаква правна основа да ги уапсат.
Александрина Гузман, жената која тврди дека е ќерка на мексиканскиот нарко-бос „Ел Чапо“Фотографија: Getty Images/AFP/U. Ruiz
Но, што ги натерало на оваа акција? „Нема никаква хуманитарна криза, ниту недостаток во Мексико“, ни објаснува Фалко Ернест од Кризната група. „Картелите користат можност да ја зацврстат својата социјална база“, вели тој. А пакетите со малку храна во моментов се подобро средство отколку насилство: „Ресурсите на картелите во моментов се слаби, а да се започне војна е скапо“.
Добротворни дела како инструмент на моќ
И новинарот Хосе Ревелес ни објаснува за „пропагандната стратегија за да се покаже присутност“. Насилството и добротворните дела се две страни на медалот кога станува збор за територијални претензии - без разлика да ли кон државата или кон конкурентните банди.
На криминалците им е од полза и фактот тоа што владата на Мексико иако воведе програми за социјална помош таа е неефикасна, има недостатоци и е исполитизирана. „Тоа не е добро“, смета новинарот. „Ако тука државата не покаже што може, Мексико наскоро ќе има уште поголем проблем со безбедноста.“ И пред пандемијата Мексико чекореше кон нов рекорд на насилство: само во март се убиени 2.585 лица, што претставува месец со најмногу насилство од кога се води евиденција.
Алтернативни поздрави во време на пандемија
За да го намалат ризикот од заразување со новиот коронавирус, луѓето ширум светот ги менуваат навиките за поздравување. Можеби ќе ве инспирира некоја од овие културни навики.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Manzo
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Drew
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Obama Foundation
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
Фотографија: Reuters
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
Фотографија: Colourbox
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
Фотографија: Reuters/K. Doherty
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/J. Kurtz
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/Kyodo
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
Фотографија: DW/S. Bartlick
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.
Фотографија: picture-alliance/PhotoAlto/E. Audras
12 фотографии1 | 12
Универзитетскиот професор Маурицио Марино од Центарот за економски развој и истражување затоа го советува мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор повремено да се откаже од своите престижни проекти, како што е една рафинерија и туристичкиот воз на југот од Мексико, и наместо тоа за 68 милиони сиромашни Мексиканци да плати основна пензија. Секако дека претседателот такво нешто не сака ни да слушне. Во утринските обраќања кон нацијата по повод корона-кризата никогаш не кажува ниту збор за прашањата за безбедност.
Вирусот ги погодува и криминалците
Но, и организираниот криминал е погоден со пандемијата. Многу шверцерски патишта се блокирани како за кокаинот кој треба да стигне до богатите потрошувачи, така и за хемикалиите за синтетичките дроги кои пристигнуваат од Кина. Секаде се појавуваат потешкотии во набавката. Не им оди добро ни со рекетирање, а кај шверцот со луѓе е лошо бидејќи се затворени границите. Некои организации веќе не можат да ги плаќаат своите убијци. Но, како што смета мексиканскиот новинар кој се занимава со тамошниот криминал, големите картели имаат доволно резерви да издржат и неколку месеци без нови приходи. А можеби тоа е и можност да ги снема помалите криминални организации, смета Ревелес. „Тоа би било добро сценарио за државата, бидејќи тогаш целно би можел да порасне приливот и перењето на нивните пари и така да се загрозат благајните и големите банди.“ Но, признава и дека едвај се гледаат некакви обиди кои би воделе во таа насока.
Сепак, не мисли дека оваа пандемија би можела до доведе до централизација на организираниот криминал, каква имаше пред две-три децении и кога организираниот криминал беше во рацете само на мал број моќници- под надзор на државната партија ПРИ. „Фрагментацијата на криминалот севкупно погледнато веќе е преголема“, смета Ревелес. Но стравува дека тоа мноштво мали банди, во недостаток на приходи, би можело да се сврти кон други облици на криминал: киднапирања, уличен криминал или шверц на бензин. А тоа лесно би можело да значи дека во Мексико би имало уште повеќе криминал отколку што имаше пред да проговорат тоалетната хартија и тестенините.
Коронавирус: Кои залихи ви се потребни во кризни ситуации
Кризата со коронавирусот доведе до прогласување вонредни состојби во многу земји. Неретки се случаите на панично купување во супермаркетите. Дознајте што ви е потребно во домот во вакви ситуации, и избегнете паника.
Фотографија: Reuters/V. West
Подгответе се за криза
Германската влада во 2016 година изработи нов план за цивилна заштита со листа на неопходни производи кои во меѓувреме се ажурирани. Германците добија препорака да направат залихи на храна за 10 дена и питка вода за пет дена. Идејата е луѓето да имаат се што им е потребно, вклучително готовина и лекови, за да ја надминат кризната состојба.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Доволно течности
Листата со препораки опфаќа и список на залихи за период од 14 дена. Најважната работа на листата е водата- 28 литри по човек за период од 14 дена, или два литри дневно. Луѓето можат да преживеат неколку недели без храна, но без течности само четири дена.
Фотографија: picture alliance/KEYSTONE
Потребни залихи
Германското министерство нуди и онлајн „калкулатор“ со кој можете да пресметате каква храна да имате во резерва. Се препорачуваат 4,9 килограми ориз, леб и тестенини по човек за две недели. Потоа, 5,6 килограми зеленчук по човек, по 3,7 килограми млечни производи, овошје и јатки, и 2 килограми риба и месо. Водете сметка храната да трае и без ладење. По избор, снабдете се и со масло, шекер и сол.
Фотографија: Markus Mainka - Fotolia
Хигиената е витална
Иако храната и водата се клучни во вакви ситуации, хигиената е исто толку важна за превенција од болести. Имајте на располагање доволно сапун, детергент, паста за заби, влажни марамчиња, кеси за смет и тоалетна хартија.
Фотографија: picture-alliance/Eibner-Pressefoto
Лекови
Се препорачува да имате снабдено медицинско шкафче доколку се случи да не бидете во состојба да отидете до аптека или болница. Меѓудругото, тоа предвидува комплет за прва помош, неопходни лекови на рецепт, лекови за настинка, против болка, анти-диареа лекови и електролити, како и термометар и средство за дезинфекција.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel
Доколку снема струја
Не е честа појава, но може да се случи да снема струја на неколку часа или на подолго. Тоа значи дека ќе нема светлина, мобилни телефони и греење. За да се подготвите за таква евентуалност, чувајте во резерва батериска светилка и свеќи, како и кибрит или запалка.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Badawi
Торба за итни ситуации
Создавањето залихи претпоставува дека мора да останете во домот, но некоја кризна ситуација може да ве натера и итно да заминете. Затоа е мудро да се има подготвена патна торба. Германската влада советува во неа да сместите: комплет за прва помош, храна за два дена, најважни лични документи, шише вода, вреќа за спиење, неопходна гардероба и дел од нештата кои беа наведени во претходната листа.