1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеШведска

Ковид-19: „Не одете по шведскиот пат“

СН/агенции
24 јули 2020

Шведскиот „мек“ модел за борба против коронавирусот постојано е предмет на жестоки дискусии а посебно идејата за „имунитет на стадо“. Група шведски научници сега предупредува: „Не го следете овој модел, не функционира“

Coronavirus | Schweden | Malmö Freizeit
Фотографија: picture-alliance/TT News/J. Nilsson

Шведскиот пристап во борбата против Ковид-19 не успеа. Тоа што се надеваа дека со „имунитетот на стадо“ ќе го запрат вирусот очигледно не функционира. Тоа е заклучокот на 25 шведски лекари и научници објавен во текст во американскиот весник „УСА Тудеј“ .

Во него се потсетува дека Шведска за време на пандемијата со коронавирусот го привлече светското внимание поради својот „мек“ пристап во борбата против смртоносниот вирус - отфрлени се вонредни рестриктивни мерки и препорачаните самоиницијативни ограничувања и употребата на маски.Мотивите за одлуката на Шведската агенција за јавно здравје да примени „мек“ пристап и денес делумно се мистерија.

Некои други земји, кои на почетокот ја користеа оваа стратегија, се откажаа од неа, бидејќи бројката на смртни случаи се зголемуваше, меѓутоа Шведска остана верна на својот модел, а прашањето е - поради што? За стекнување колективен имунитет потребно е голем дел од популацијата, пожелно млади луѓе да се заразат.

Ова, меѓутоа, не беше официјална цел на Шведската агенција за јавно здравје, но сепак јавно изречен став дека овој вод на имунитет може да помогне во сузбивање на ширење на болеста така што сѐ укажува на тоа оти сепак тоа беше целта која агенцијата сакаше да ја постигне.

Фотографија: AFP/J. Nackstrand

Уште еден доказ во прилог на ова е тоа што агенцијата инсистира на задолжително школување на децата од пониските одделенија, дека веќе подолго време ја намалува важноста на тестирање и оти одби да го признаезначењето на асимптоматското ширење на вирусот. Оваа јавна здравствена установа и натаму не препорачува носење маски во јавност и покрај сите докази за нивната ефикасност.

Повеќе:

-Шведска изолирана во Скандинавија поради корона-бројките

-Шведскиот експеримент со Ковид-19 на стаклени нозе

-Специјалниот пат на Шведска во кризата со коронавирусот

Без разлика дали „имунитетот на стадо“ е цел или споредна појава во шведската стратегија, остануваат фактите и постигнатите резултати кои се многу лоши. Според сознанијата на агенцијата, проценето е дека под 10 отсто Швеѓани имаат антитела на коронавирусот, така што идејата за „имунитет на стадо“ не успеа.

Во Шведска бројот на починати е поголем отколку во Америка, таму на 20 јули се регистрирани 556 смртни случаи на 1 милион жители, а во САД 425, и веќе неколку недели Шведска е меѓу водечките земји во светот кога е во прашање стапката на смртност.  Досега во земјата се ригистрирани близу 80 илјади на Ковид-19, а од последиците на болеста  починаа речиси 5700 луѓе.

И покрај сето тоа, стратегијата, официјалната државна, де факто останува иста. Можно е дека Агенцијата за јавно здравје навистина верувала оти нејзиниот пристап е најприкладен и одржлив, како и дека во другите земји, кои воведоа остри рестриктивни мерки, ќе се случи полошо сценарио, па затоа и се откажа од воведување сериозни ограничувања.Можеби неподготвеноста да се признае грешката и да се преземе одговорност за илјадниците мртви е главната причина што постои отпор да се воведат фундаментални промени.

„Во Шведска оваа стратегија доведе до смрт, страдање и тага, а пред сѐ - нема назнаки дека националната економија помина подобро отколку во другите држави. Во моментов на остатокот од светот му дадовме само пример како не треба да се бори со смртоносната заразна болест. Се надеваме дека наскоро ќе биде откриена вакцина, а дотогаш држете се и не ја применувајте шведската стратегија“, порачаа шведските научници.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми