1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19 повторно зема залет

ДТЗ
30 јули 2021

По кратко затишје регистрирани се две лица коишто починале како последица на вирусот. За 24 часа има 74 нови случаи, најмногу во Скопје и во Тетово.

Nord Mazedonien Corona Impfung ohne Termin in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Ковид-19 повторно зема залет во Северна Македонија. Секојдневно расте бројот на новозаразени, а по краткото затишје повторно има смртни случаи како последица на вирусот. Како што информира Министерството за здравство, регистрирани се две починати лица од Скопје и од Кичево, на возраст над 60 години кои починале во болница. За 24 часа има 74 нови случаи, а најголем број од нив се од Скопје и од Тетово.

Зголемен број на заболени има и во Куманово, Гостивар и Кичево, но надлежните сметаат дека нема простор за паника. „Размислуваме за рестрикцииво есенските месеци по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории во смисла на тоа да се бара задолжителна потврда за вакцинација, а дотогаш ја следиме ситуацијата“, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на Канал 5 телевизија.

-повеќе на темата: Мирно лето само со масовно вакцинирање

Досега околу 510.000 граѓани се вакцинирани од кои 381.000 се ревакцинирани. Околу 63 отсто од вкупното население над 70 години е вакцинирано, а над 50 години - 45 проценти. Околу 58 проценти се вакцинирани вработените во секторот образование, околу 60 проценти во градинките. 

Свадбите и масовните собирања на младите во текот на летото се посочуваат како главен извор за што поголем број заразени. Епидемиолозите предупредуваат за нов посериозен бран на коронавирус којшто би можел да се почувствува на средината на август.

„Имаме тренд на постепен пораст, а тој пораст ќе оди сѐ пострмно нагоре. Во моментов, се работи за мали бранчиња, за локално ширење во некои општини. За тоа да остане локално треба да има идентификување на сите контакти на заразените“, предупреди деновиве епидемиологот д-р Драган Даниловски.

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми