1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте бројот на заразени од ковид во летниот бран

ДТЗ
28 јуни 2022

Ситуацијата не е алармантна, но Комисијата за заразни болести ќе ја разгледа епидемиолошката состојба во Северна Македонија, откако почна да расте бројот на заразени во регионот.

Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

По пауза од два месеци, Комисијата за заразни болести утре (29.06) на седница повторно ќе ја разгледува епидемиолошката состојба во Северна Македонија, откако бројката на заразени со ковид повторно почна да расте.

Во земјата во последните 24 часа направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на Ковид-19, а починати нема. Од вкупниот број на позитивни- 28 се реинфекции, а активни се 648 случаи. 

Граѓаните да бидат внимателни

Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледа актуелната состојба со Ковид-19. Министерот за здравство, Беким Сали, најави дека состанокот се свикува со цел да се направи анализа на севкупната состојба поради порастот на заболени од коронавирус.

„Во Европа веќе почна да се зголемува бројот на новозаразени од Ковид-19 и кај нас забележуваме благ пораст на нови случаи. Можеби сè уште не е време и не е алармантно, но за утре е закажана првата седница на Комисијата за заразни болести по пауза од два месеца, што укажува дека нешто веќе се случува и кај нас“, вели министерот за здравство. Тој ги повика граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките за заштита од ковид и да одржуваат лична хигиена. Не се исклучува можноста како препорака повторно да се воведе носењето маска во затворени простории.  

Европски тренд 

Станува збор за тренд кој се забележува и во околните земји, кои се зафатени од омикрон бран кој е закана за мирното лето. Само во Грција, која е најчеста дестинација на македонските туристи, по речиси три месеци, повторно се регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, односно вкупно 20.084 новозаразени и 3.664 реинфекции. 

Повеќе земји во западна Европа минатата недела пријавија рекорден раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 во последните месеци. Во најголем дел, новиот бран го предизвикуваат подваријантите на Омикрон, БА.4 и БА.5. 
Првото нагло зголемување на бројките се случи во Португалија во мај, а рекордот беше забележан на почетокот на јуни со 30.000 нови случаи во еден ден. Оттогаш, бројките се во опаѓање. Бранот продолжи и кон Франција, Италија и Франција каде минатата недела беа забележани меѓу 62 и 120 илјади случаи на новозаразени дневно. 

Во САД, проценките се двете подваријанти на Омикрон веќе сочинуваат 52% од сите случаи на коронавирус. Минатата недела таа стапка беше околу една третина. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми