1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Рестриктивните мерки остануваат на сила

ДТЗ
19 април 2021

Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на нови пациенти во болниците, оценува министерот за здравство, Венко Филипче.

Nord-Mazedonien Skopje | Coronakrise: Gastronomie muss wieder schließen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за продолжување на сегашните рестриктивни мерки и полицискиот час кој е на сила. Одлуката треба да биде донесена на утрешната седница на Владата. 

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информираше дека на редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите е направена евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денеска. „Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, вели Филипче.

-повеќе на темата: Ковид-19: Најкритично во четири градови, наскоро пристигнува нова пратка вакцини

Идната недела се очекува комисијата повторно да ја разгледа ситуацијата со пандемијата и да донесе мерки во пресрет на празниците. Дотогаш угостителските објекти остануваат затворени за гости и ќе вршат само достава на храна. Остануват затворени теретаните и фитнес-центрите, а во обложувалниците може да се врши само уплата преку шалтер. На сила останува и полицискиот час од 20 до 5 часот наутро.

Денеска во С. Македонија се очекува да пристигне првата пратка од 10 илјади вакцини на „Фајзер“. Вакцините со авион ќе пристигнат во Софија, по што со специјален транспорт ќе бидат испратени за Скопје. Вторите 10.000 вакцини треба да стигнат наредниот понеделник, по што се очекува и пратката на 200.000 дози од кинески „Синофарм“, со што ќе се овоможи масовна имунизација на населението.

Во земјата досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми