Ковид-19: Ситуацијата во САД „навистина не е добра“
СН/агенции
7 јули 2020
Водечкиот епидемиолог во САД изрази загриженост поради брзиот раст на нови случаи на Ковид-19 во јужниот и западниот дел на земјата. Актуелната состојба „навистина не е добро“ и изискува „итно“ дејство, рече Ентони Фаучи
Реклама
Лекарот Ентони Фаучи, водечкиот американски стручњак за заразни билести, предупреди дека САД се наоѓаат во „сериозна ситуација“ во дел и поради тоа што пребрзо се укинати рестриктивните мерките воведени во борба против Ковид-19.
Фаучи: Пред два дена имаше 57.500 новозаразени
„Имавме околу 20.000 нови случаи дневно“, рече синоќа Фаучи и додаде дека укинувањето на мерките во дел довело до нови рекорди во бројката на новозаразени.
„Пред два дена имаше 57.500 новозаразени“, рече и заклучи оти тоа значи дека во периодот од една недела и по бројот новозаразени бројката е удвоена.„Ние сме уште длабоко во првиот бран“, вели Фаучи.
Коронавирус: Кога маката ќе те направи инвентивен
И во иднина ќе треба да живееме со пандемијата на коронавирус. Но, добро е што во меѓувреме има толку многу идеи кои ни го олеснуваат секојдневието со вирусот - иако на некои треба допрва да се навикнуваме.
Фотографија: JF Group GmbH
Добар апетит на вечера во стакленик
Конечно може да се отиде некаде на вечера: рестораните се повторно отворени по повеќе недели пауза. Во Културниот центар Медиаматик во Амстердам гостите можат да јадат во мали „оранжерии“, стаклени куќички, добро заштитени од ветар, временски прилики и коронавирусот кој евентуално може да им го пренесат други посетители. Концептот има добар прием, до крајот на јуни се резервирани сите маси.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Dejong
Во ресторан со стаклена преграда на масите
Во многу ресторани пак на масите се поставува стаклена преграда, како оваа во „Гага кафе“ во Милано. Гостите при јадењето се заштитени од останатите со вграден плексиглас и од поторот меѓу масите, заради намалување на опасноста од инфекција. Заштитна маска сепак е обврска, барем додека не се јаде.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Furlan
Фризерски салони со заштита
Посебни правила во време на пандемијата на коронавирус важат и во фризерските салони. Заштитни маски за уста за фризерите и муштериите, и овде мијалниците се одделени со стаклена преграда. Нема веќе кафе додека се чека во салонот, долго задржување е табу. На муштериите ионака им е важно само повторно да имаат добра фризура.
Фотографија: Imago Images/J. Tack
Судбоносното „да“ пред гостите во автомобили
Кој вели дека свадбите во време на корона мора да бидат без гости? Во едно автокино во Диселдорф младенците склопија брак додека гостите ја следеа церемонијата ѕиркајќи преку шофершајбните од нивните автомобили. На крајот на венчавката следеше бучно свирење со автомобилските сирени. Ова беше прва германска свадба во автокино.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Strauch
„Црни острови“ во канцеларијата
Вака би можело да изгледа бирото на иднината: црни обележани простори на подот покажуваат колку можете да им се приближите на колегите, без да го прекршите правилото за дистанца од два метри. Преградите од плексиглас зад мониторите даваат дополнителна заштита. Но, за оваа визија на „футуристичката канцеларија“ од една филијала во Амстердам е потребно пред сё едно - многу простор.
Фотографија: Reuters/Cushman/Wakefield
Ред при чекањето
Не само во затворен простор, туку луѓето и надвор во идните месеци мора да држат меѓусебно растојание. На станица на метрото во францускиот град Ница стапалките во кругови покажуваат каде смеат да стојат патниците кои чекаат. Слични примери има низ цел свет. Но, и на ваков начин не може да се спречи турканица при влегувањето.
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Едносмерно движење
И во трговските улици во Данска луѓето треба да се движат по определени правила. Исто како и во автомобилскиот сообраќај, во Аалбог важи и за пешаците - секогаш движи се на десната страна. Целта е така да се избегнат премногу блиски средби. Дали тоа навистина функционира, барем на прв поглед, според оваа фотографија, е сомнително.
Фотографија: Reuters/H. Bagger
Живот во шише
Во густо населениот Хонгконг, некои луѓе со пресечено пластично шише не само што се погрижуваат за држење физичка дистанца, туку обезбедуваат и целосна заштита на лицето од евентуални капки кои содржат вирус. Мора да се признае, не изгледа баш удобно, но барем е евтин пронајдок.
Фотографија: AFP/A. Wallace
Направа за отворање врата
Држење физичко растојание е едно, избегнување инфекција преку површини е друго. Многу луѓе при влегувањето во лекарски ординации или јавни тоалети затоа ја отвораат вратата со лакт, но постои и нешто подобро. Овој „отворач на врати“ го решава проблемот, барем така тврди производителот.
Фотографија: JF Group GmbH
9 фотографии1 | 9
Тој појасни дека и самиот термин „бран“ е лажлив бидејќи бројот на случаи никогаш не е намален значително, туку пораснал на нови и загрижувачки нивоа.
Фаучи вели дека на подрачјата како ЕУ бројката на заразени растеше па се намали што е можно дека го означи крајот на првиот бран.
„Кај нас бројката на заразени растеше, но никогаш не опадна, и сега повторно расте. Тоа е една сериозна ситуација со која мораме веднаш да се позанимаваме“.
Американскиот Центар за контрола на зарази (ЦДЦ) вчера соопшти дека бројот на нови инфекции од коронавирусот се зголемил за 44.361 на вкупно 2.886 милиони, Освен тоа, регистрирани се 235 дополнителни смртни случаи и со тоа се нивната вкупна бројка изнесува 129.811.
Животната средина зема здив во време на короната
Луѓето се дома, фабриките прават пауза - тоа се одразува и на животната средина. Промените во животната средина се забележливи на најразлични начини ширум светот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Во Велс козите го заземаат просторот
Онаму каде што човекот се повлекува, животните си го враќаат животниот простор. На речиси сосема празните улици во британското крајбрежно место Ландидно, си се шета стадо диви кози. Тоа не им е првпат, но сега не им пречи никој. Додека луѓето се затворени дома, козите слободно може да се нафрлат на своето омилено јадење: грмушките крај патот.
Фотографија: Getty Images/C. Furlong
Планета на мајмуните?
Во тајландски Лопбури луѓето се навикнати на мајмуните. Но, во моментов животните се невообичаено напрегнати. Причина за нивните борби е можеби тоа што немаат доволно храна, поради тоа што нема туристи. За мајмуните во Лопбури и други за другите животни кои се навикнале да добиваат храна од луѓето, корона-кризата е голема промена.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Во Катманду се дише подобро
Чист планински воздух во главниот град на Непал е само желба. Катманду се вбројува во градовите со најзагаден воздух во светот. Градот лежи во долина, во која смогот е „заклучен“ од околните планини. Но, откако владата на 23 март објави забрани за излегување, градскиот сообраќај речиси замре. Оттогаш квалитетот на воздухот е значително подобар.
Помалку возила на улиците, помалку авиони на небото, помалку фабрики кои работат - корона-пандемијата и во Германија донесе намалување на штетните издувни гасови. Според прогнозите, Германија со тоа може дури и да ги постигне климатските цели за 2020 година, се разбира доколку по кризата не се испуштаат што е можно повеќе штетни гасови.
Фотографија: Reuters/Soe Zeya Tun
Кога гондолите се покриени ...
Каналите во Венеција, кои вообичаено се полни со бротчиња и гондоли, сега се празни, а водата е толку бистра, што може да се види дното. Но, тоа нема врска со подобрен квалитет на водата, објасни портпарол на градот за Си-Ен-Ен. Поради намалениот сообраќај, сега само талогот е на дното. Но, она што и овде е дефинитивно подобрено е квалитетот на воздухот.
Фотографија: Reuters/M. Silvestri
Паузата заврши?
Додека во многу земји економијата е во застој, во Кина повторно се почнува со работа, како во оваа фабрика за батерии во Анхуи. Со тоа завршува и паузата за земање здив на животната средина.
Фотографија: Getty Images/AFP
6 фотографии1 | 6
Градоначалничката на Атланта позитивна на вирусот
Во меѓувреме градоначалничката на Атланта Киша Ленс Ботомс објави дека е заразена со коронавирусот, но засега не покажува симптоми на респтораторната болест. „Сѐ уште ја процесирам оваа информација, шокирана сум“, напиша Ботомс на Твитер.
Освен блага главоболка и кашлица, која ги препишувала на сезонските алергии, нема други симптоми. Ботомс вели дека таа и нејзиното семејство секогаш носеле маски во јавност, внимавале на физичката дистанца и ги миеле рацете.
Во наредните две недели своите должности ќе ги извршува од домашна изолација.
Џорџија со 97.000 заразени е меѓу десетте најпогодени американски сојузни држави со коронавирусот, а најголемо жариште е токму Атланта.