1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковид-19: Уште две недели вонредна состојба

СН/агенции
30 мај 2020

Нови 35 случаи и пет починати од Ковид-19 за 24 часа. Продолжува трендот на зголемен број заразени и починати од вирусот- главна причина за продолжување на вонредната состојба од страна на македонскиот претседател.

Nord-Mazedonien Ausnahmezustand wegen Coronavirus ausgerufen | Stevo Pendarovski
Фотографија: Büro des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, најави дека ќе ја продолжи вонредната состојба, која беше воведена на 18 март поради пандемијата на коронавирус, за уште две недели. „Имајќи го предвид последниот развој на случувањата и зголемениот број заразени и починати сограѓани,  донесувам одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 14 дена, што ќе започне утре “, изјави Пендаровски на пресконференцијата пред претседателската резиденција „Вила Водно“.

И денеска македонското министерство за здравство пријави релативно голем број на  на новозаразени (35)  и на починати (5) од Ковид-19 во последното деноноќие.  Со тоа вкупниот број на граѓани кај кои е дијагностицирана заразата од почетокот на пандемијата се искачи на 2146 а бројот на починати на 131. Оздравени пациенти има 1535, што значи дека бројот на активни случаи изнесува 498.

Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Пендаровски во своето обраќање истакна дека новото продолжување на вонредната состојба е единствено со цел да им се овозможи на владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се борат со здравствените и социо-економските ефекти на пандемијата. 

Повеќе:

-Несовесноста ќе ја дотепа и економијата!

-Што знае дете што е дистанца?

-По 66 дена, Владата го укинува полицискиот час

Пендаровски одлучи да ја продолжи вонредната состојба на барање на владата, откако развојот на пандемијата на Ковида-19 во земјата беше дискутиран на состанокот на Советот за безбедност.

Пендаровски истакна дека неговата одлука „нема никаква корелација со датумот на парламентарните избори“. 

На 18 март претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава поради епидемијата на Ковид-19 која двапати досега ја продолжуваше и тоа на 16 април за 30 дена, а во средината на мај за уште 14 дена. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми