1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: Трите најчести заблуди за Омикрон

БГ /АРД
3 февруари 2022

Омикрон за кусо време израсна во најчеста варијанта на коронавирусот во светот. Во јавноста кружат бројни недоразбирања и заблуди околу Омикрон. Еве што вели науката за тоа.

Ковид-19 Омикрон
Илустрација на варијантата ОмикронФотографија: CHROMORANGE/picture alliance

Заблуда број 1: Омикрон предизвикува само лесен тек на болеста 

Внимавајте со тој заклучок! Да, има добри вести во врска со Омикрон: ефектот од заболувањето е послаб. За невакцинираните тој може да биде и до една четвртина послаб во однос на Делта варијантата, покажуваат најновите студии. Тоа значи дека секој што бил под висок ризик да се разболи со претходните варијанти - поради возраста или претходни болести, а тука се вбројува и прекумерната тежина - сè уште се соочува со таков ризик, само малку намален.

За тројно вакцинираните, тежок тек на болеста не треба да се очекува, доколку не се во високо-ризичните групи.

Сепак, едно треба да се знае: кога Светската здравствената организација говори за „лесен тек“, тоа е нешто друго од она што ние го мислиме во секојдневието. Дефиницијата за „лесно“ на СЗО се однесува на речиси сѐ што човек може да го мине дома во кревет: треска, повеќедневни болки во телото, недостаток на здив, сѐ додека не мора да се бара кислородна поддршка.

Притоа, колку повеќе вирус ќе внесете, толку е поголем ризикот да развиете тешки симптоми. Значи оној кој имал само кус контакт со заразен или притоа носел и маска, има подобри шанси во случај на инфекција. 

Заблуда број 2: Не може да се спречи зараза дури и ако сте вакцинирани  

Тоа не е сосема неточно. Истражувањата поаѓаат од тоа дека и вакцинираните порано или подоцна ќе се заразат. И сепак не е сосема точно. Затоа што тоа се однесува пред сѐ на фазата во која може да се отфрлат сите мерки бидејќи болниците веќе не се преоптоварени и половина од јавниот живот не е парализиран преку карантини. 
Дотогаш - и тоа е добрата вест - секој може да се заштити од Омикрон со истите мерки како и од претходните варијанти: ФФП маски, растојание, проветрување, избегнување големи групи луѓе. 

Дали некој потешко ќе заболи од Омикрон зависи од многу факториФотографија: Jean-Francois Badias/AP Photo/picture alliance

Бидејќи едно откритите неодамна излезе на виделина: спротивно на она што се претпоставуваше пред само неколку недели, Омикрон очигледно не е значително попренослив сам по себе. Истражувањето покажува дека тој нема „внатрешна кондиција“. Тоа значи дека варијантата веројатно не е фундаментално позаразна од нејзините претходници. Но, се шири толку брзо, главно затоа што ја заобиколува заштитата од вакцинација, така што и вакцинираните луѓе можат да го пренесуваат вирусот.

Притоа, вирусното оптоварување во Омикрон често се зголемува многу брзо за кратко време, поради што резултатот од брзиот тест може да биде неважечки по само неколку часа. 

Заблуда број 3: Вакцините не делуваат против Омикрон, затоа не се исплаќа бустер доза 

Тоа е фатална заблуда. Затоа што во меѓувреме точно се знае дека вакцината и за варијантата Омикрон нуди добра заштита од заболување од Ковид-19. И тоа особено кога некој ќе прими трета доза.

Наспроти она во што се веруваше до пред некој месец, бустер-дозата не е само освежување со која се зголемува бројот на антителата кои се намалиле неколку месеци по втората доза. Туку, вакцинацијата е целосна дури по третата доза, слично како и вакцинирањето против полио или тетанус. Тоа значи дека со третата доза се постигнува степен на заштита кој не постоел ни две недели по втората примена доза.

И тоа особено важи за Омикрон, и покрај тоа што бустерот сѐ уште не е прилагоден на новата варијанта. Ризикот да завршите во болница е двојно помал одошто кај двојно вакцинираните. И притоа треба да се има предвид  дека тројно вакцинираните многу поретко го шират вирусот меѓу себе, како и меѓу членовите на нивните семејства. Тоа го покажуваат големите истражувања за заразените со Омикрон во Англија. Како се однесува болеста кај децата и младите без бустер, сѐ уште се истражува.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми