Опуштање не е на повидок: Во Германија, во изминатите 24 часа се забележани 962 смртни случаи поврзани со коронавирусот-највисока бројка од почетокот на пандемијата
Реклама
Германскиот институт Роберт Кох (РКИ) денеска пријави 962 починати лица за едно деноноќие, што е рекорден број на починати од последиците од коронавирусот, една недела откако се затворени поголемиот број продавници, како и фризерските салони и други услужни објекти.
Претходниот рекорден број на починати беше забележан на 16 декември, еден ден откако стапија на сила овие мерки, и тој изнесуваше 952.
Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 починале 27.968 лица, покажуваат податоците на институтот Роберт Кох. Како што додаваат од институтот, бројот на потврдени сучаи со коронавирусот во Германија е зголемен за 24.740 на 1.554.920 од почетокот на пандемијата.
Локдаунот треба да го разбие бранот
Градот Цитау, кој се наоѓа на границата на Германија со Полска и со Чешка, соопшти вчера дека неговиот крематориум не може веќе да држи чекор со бројот на починати и оти мора да најде дополнителен простор за одложување на телата.
Според РКИ репродукцискиот број (Р) во Германија изнесува 0,95 (претходниот ден: 0,98). Ова значи дека 100 заразени лица теоретски заразуваат уште 95 лица. Ако бројот Р е под 1 подолго време, процесот на инфекција се смирува.
Тежок локдаун е во сила низ цела Германија од минатата среда со цел да се разбие вториот корона-бран во земјата оваа година. Повеќето продавници се затворени. Училиштата и градинките исто така во голема мерка се затворени. Мерките првично се ограничени до 10 јануари. Сојузната и покраинските власти се очекува на 5 јануари да разговараат за тоа како да се постапува натаму.
И СЗО со рекордни бројки
Над 4,6 милиони случаи на заразени со коронавирусот се потврдени во минатата недела во светот, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти пак Светската здраствена организација.
Според податоците на СЗО, од 14 до 20 декември во светот се регистрирани 4.612.790 новозаразени лица со коронавирусот, а 79.001 починале поради последици од заразата. Најголемиот број новозаразени се регистрирани во Северна и во Јужна Америка, над 2,3 милиони.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.