1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Пристап насекаде само за вакцинирани и оздравени?

Сузане Ајкенфондер
9 септември 2021

Шефот на Светскиот лекарски сојуз, Франк Улрих Монтгомери, се залага за заострување на мерките во борбата против Ковид.Тој бара пристап насекаде да имаат само вакцинираните и оздравените.

Symbolbild 3G Regel  Corona Regeln
Дали наскоро 3Г-правилото ќе биде заменето со 2Г?Фотографија: Ying Tang/NurPhoto/picture alliance

Борбата против четвртиот бран на пандемијата на коронавирус треба да се води со помош на правилото 2Г (geimpfte oder genesene - во превод: вакцинирани или оздравени), смета првиот човек на Светскиот лекарски сојуз, Франк Улрих Монтгомери. „За да се прекине четвртиот бран, пред тој да стане драматичен, би требало секаде каде што е тоа можно на ниво на државата да се воведе правилото 2Г“, изјави Монтгомери за весниците од медиумската групација Функе. Тоа значи дека пристап до манифестации или во угостителски објекти би требало да имаат само вакцинираните или оздравените лица, а не и оние кои имаат негативен тест. Онаму каде што би било непрактично исклучување на невакцинираните, како во јавниот сообраќај, би требало да важи строго 3Г правило, додава Монтгомери.

Монтгомери: Пристап до манифестации или во угостителски објекти би требало да имаат само вакцинираните или оздравените лицаФотографија: Guido Kirchner/dpa/picture alliance

„Невацинираните во таков случај би морало да приложат актуелен ПЦР-тест. Едноставен антигенски брз тест веќе не би бил доволен“, вели тој.

Заострувањето на правилата, според Монтгомери, би требало да бидат поттик за вакцинирање.

Повеќе: Германија: Наместо локдаун, правило „3Г“

„Пандемија на невакцинирани“

Во Германија стагнира подготвеноста за вакцинирање, а бројот на инфицирани се зголемува. Досега околу 62% од населението се целосно вакцинирани (имаат примено по две дози). Тоа, според Владата и институтот „Роберт Кох“, ни оддалеку не е доволно за справување со пандемијата.

Што треба да се знае за сојот Делта?

03:23

This browser does not support the video element.

Министерот за здравство Јенс Шпан вчера уште еднаш апелираше до граѓаните да се вакцинираат. Најголемиот дел од пациентите на одделенијата за интензивна нега се невакцинирани, рече тој и оцени дека станува збор за „пандемија на невакцинирани“.

Повеќе: Препорака да нема карантин за цели класови

Хамбург беше првата германска покраина која во август го воведе 2Г-моделот како опција. Тоа значи дека приватниците можат сами да одлучат кого го сакаат како мушптерија, а кого не.

Во Баден Виртемберг од понеделник (13.09) невакцинираните лица ќе бидат исклучени од јавниот живот доколку на одделенијата за интензивна нега има премногу пациенти. Со тоа, покраинската влада воведува најстроги правила на ниво на земјата. Во Баден Виртемберг ќе биде задолжително правилото 2Г доколку во покраината се зафатени повеќе од 300 кревети на одделенијата за интензивна нега.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми