1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Селекција: кој пациент ќе биде лекуван, а кој не?

Астрид Пранге
18 декември 2020

Со оглед на зголемениот број на заразени од коронавирус, во Германија се отвори дебатата за тоа кој пациент ќе има предност за лекување ако нема доволно болнички кревети на располагање во одделите за интензивна нега.

Coronavirus | Deutschland | Krankenhaus Havelhöhe Berlin
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Гласен крик и моќно предупредување. „Наскоро нема да знаеме како треба да се грижиме за пациентите,“ призна во средата Петра Копинг, министерка за здравство на покраината Саксонија. И покраинскиот премиер Михаел Кречмар мораше јавно да признае: „Ситуацијата во германските болници е екстремно напната." 

И двајцата го премолчеа зборот тријажа. Со терминот кој потекнува од француски, а во превод е „сортирање“ или „просејување“ се опишува селекцијата на болни или повредени кои ќе се изберат за лекување кога ресурсите се ограничени – изборот се прави според критериумите итност или шанси за преживување. 

Уште во април во Германија се водеше дебата за давање приоритет на медицинска помош во случај на катастрофа. Во тоа време светот беше потресен од сликите од Шпанија, Италија и Франција, каде Ковид пациентите умираа во преполните болнички ходници, бидејќи немаше доволно слободни места на одделите за интензивна нега. 

Кризна состојба во Саксонија

Со оглед на растечкиот број заразени и починати од коронавирус во Германија, повторно се разгоре дебатата. Уве Јенсен, претседател на Германското интердисциплинарно здружение за интензивна и итна медицина (ДИВИ) за Зидојче цајтунг вели дека доколку продолжи ваквиот тренд, за неколку недели одделите за интензивна нега може да бидат преоптоварени. Особено драматична е ситуацијата во покраината Саксонија. Според Роберт Кох Институтот, во последните седум дена таму има по 415 заразени на 100.000 жители. 

Според ДИВИ, во одредени региони речиси и да нема места на интензивна нега. За споредба, седумдневната инциденца е 179 заразени на 100.000. Во цела земја од Ковид во моментов се стационирани 4836 пациенти, од кои 2760 се на кислородна поддршка (состојба од 16.12.2020). Од вкупниот број 27.081 кревети на интензивна нега, 22.536 се пополнети.

Медицински водич 

„Се работи за тоа, во критична ситуација, кога нема да има доволно места за кислородна поддршка да се донесе одлука,“ објаснуваше уште во април за ДВ, Јансенс, кој е и главен доктор на Клиниката за интерна медицна и интернистичка интензивна нега во Сент Антониус болницата во Ешвајлер. „Мора да се донесе одлука. Неносење одлука значи - сите ќе умрат.“

Под водство на ДИВИ, работна група од Научните медицински здруженија во Германија (АВМФ) на 23 април презентираше „клинички етички препораки“ кои треба да ги следат медицинските лица во кризни ситуации. 

Потоа треба да се има предвид проценката за успех на терапијата кај секој пациент. Други болести, старост, социјални аспекти и попречености, според ДИВИ не се легитимни критериуми за носење одлука за селекција. 

„За нас не е важно дали е некој стар или млад, туку што повеќе луѓе да преживеат,“ вели претседателот на ДИВИ, Јансенс. Буквално сите – и лица со попреченост, и стари, млади, дементни, сите кои имаат реални шанси да преживеат.

Борбата против Ковид-19 во германските болници

01:21

This browser does not support the video element.

Но прирачникот, политички е контроверзен. „Ако докторите се држат до препораките на стручните здруженија, тогаш лицата со инвалидитет речиси и да немаат шанса за лечење со кое би се оддржувале во живот,“ стравува пратеничката од Зелените, Корина Рифер. 

Пациентите меѓу другото би се сортирале на една „скала на слабост“. Младо лице со инвалидитет кое е постојано зависно од негувател може да биде изоставено, се сомнева Рифер. Тоа би било кршење на заштитата на човековото достоинство и забрана за дискриминација запишани во Уставот. 

Парламентот има обврска

За Рифер „Парламентот е сега обврзан да создаде правна регулатива која ќе биде во склад со Уставот”. Таа вели дека „тоа требало да се случи уште пред неколку месеци” и додава дека „неодамна поднеле барање за претрес по прашањето за тријажа во правната комисија, но било одбиено од владиното мнозинство”. Докторот од интензивна медицина Јансен исто така признава дека за таа тема се отвори „правна дупка бидејќи Уставот воопшто не предвидува такво нешто”. Сепак за него правна регулација би била „најлошата можна варијанта”.  

При сослушување на експертите во здравствената комисија на Бундестагот во средата не се зборуваше за носење таков закон, туку за опасноста од преоптоварување на здравствениот систем. „Заострување на ситуацијата може да доведе до проблематични одлуки за тријажа”, вели претседателката на Германскиот совет за етика, Алена Бујкс.  

Јансен пак испрати итен апел до покраинските власти: за да им се даде насока на клиниките во силно погодени региони како Саксонија, треба да има планови за вонреден случај во кои болници ќе може да бидат префрлани пациенти. 

Но, и со такво решение, смета Јансен, може да се потрошат капацитетите. Во земјата има уште слободни легла на интензивна нега, но „болните би требало да се транспортираат подалеку, што ги влошува нивните изгледи за излекување”.

Овој текст од 24 април 2020 година е актуелизиран на 17 декември со најнови податоци.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми