1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога медиумите слепо му веруваат на Твитер

АТ/ дв/ ндр/ ртр25 април 2013

Еден твит ги вознемири САД иако беше дело на хакери. Тоа не е единствената неволја со Твитер и американските медиуми деновиве: при извесувањето за нападите во Бостон, тие често слепо и’ веруваа на интернет-заедницата.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Последна вест: Две експлозии во Белата куќа, Барак Обама е повреден“ - агенцијата Асошиејтед прес на Твитер ја пратат 44.000 луѓе и затоа оваа вест во вторникот се пренесе со огромна брзина. За три минути пола Соединети Американски Држави мислеа дека Барак Обама е повреден во терористички напад, индексот Дау Џонс изгуби еден процент од вредноста... Набрзо беше соопштено дека сето тоа е дело на сириски хакери, а портпаролот на Белата куќа Џеј Карни мораше да ги уверува граѓаните дека Барак Обама е жив и здрав.

Безусловна доверба

Моќта на социјалните мрежи во известувањето почива токму на тоа што граѓаните, но и медиумсктие професионалци безуслвно им веруваат. На пример „Њујорк пост“ по Бостонскиот маратон објави фотографија на двајца луѓе кои ги нарече напаѓачи - само на основа на инсинуација на граѓанин кој ги фотографирал. Уште полошо мина познатиот водетел на СиЕнЕн Џон Кинг кој гордо објави: „Имаме информација дека напаѓачот е уапсен. Извори во бостонската полиција ми пренесоа - го имаме!“

СиЕнЕн е еден од американските медиуми кои објавија погрешна информација за апсењето на бомбашот од БостонФотографија: cnn.com

Проблемот е што Кинг веста ја објави три денови пред апсењето, а уште на своите извори им поверува дека напаѓачот црномурест маж. Бламажата на Кинг со потсмев ја искоментира и комичарот Џон Стјуарт, кој подвлече дека разбираливо дека информацијата е екслузивна, кога е погрешна.

Проверени информации пред брзината

Социјалните мрежи, посебно Твитер ја понишаа улогата на медиумите како чувари, сервиси кои требаат да филтрираат и проверуваат информации пред истите да ги објават, вели колумнистот од „Њујорк тајмс“ Џо Конча. „Конкуренцијата веќе не ја чинат само разни телевизии, туку и Твитер. Оваа мрежа ги наведува медиумите прерано да ги пласираат информациите“.

Ерик Вемпел од „Вашингтон пост“ вели дека традиционалните медиуми мораат да се повратат на традиционалните методи: „Проверување на податоците, а доколку постои двоумење треба да им е даде преднсот на проверените информации пред брзината. Дојдовме до момент, кога медиумите и можеби би требало да кажат - ќе ја почекаме прес конференцијата или официјалното соопштение“.

Сепак и покрај катастрофалната дезинформација, гледаноста на СиЕнЕн се зголеми трипати по нападите во Бостон. Толку публика оваа информативна куќа немаше уште од ирачката војна пред 10 години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми