1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колкава е цената што треба да се плати за Авганистан?

Нина Веркхојзер16 август 2007

Секогаш кога во Авганистан ќе биде убиен Германец, надлежните политичари повторуваат едно-исто – тоа е многу трагично и тажно, но не епричина за намалување на германскиот ангажман во Авганистан.

Конвој германски војници во АвганистанФотографија: AP
И покрај тоа што годинава, покрај тројцата полицајци, беа убиени и еден Германец кој учествуваше во обновата, потоа еден бизнисмен и тројца војници, германската влада не потроши ниту една мисла на стратегија за откажување од мисијата. Напротив, годинава уште се донесе одлука за скапоцената мисија на торнадо-авионите за набљудување, а се размислува и за помош во обуката на авганистанските безбедносни сили.

На тој начин, меѓутоа, сојузната влада го избегнува едно од најважните прашања – колкава цена сме подготвени да платиме за обновата на Авганистан? Ова прашање е дотолку поскокотливо ако се има предвид следново – влијателни сили во Авганистан воопшто не сакаат земјата да се стабилизира и работат со цела сила против тоа. Тоа е фундаменталната разлика со ситуацијата во други земји во кои Германија испраќа луѓе за помош при обновата. Да се сака смирување на Авганистан во ситуација кога Талибанците се борат против тоа, чини скапо, и чини и човечки животи. Со убиството на тројцата полицајци кои ја штителе германската амбасада во Кабул, извршителите целеле повторно директно врз германската влада. Голема е претпоставката дека Талибанците сакаат да извршат влијание врз политичката дебата што се води во Германија, зашто наесен треба да бидат продолжени сите три мандати во Авганистан.

Се разбира, погрешно би било да се падне на колеа пред теророт на Талибанците. Но, овој аргумент не може да се користи за тоа едноставно од маса да се тргне основаното сомневање во ефикасноста на меѓународната помош за обнова на Авганистан. Одговорноста за тоа што во минатите пет години не е направено доволно, делумно ја сносни и авганистанската влада. Но, и големиот број странски војници и помагачи делумно дејствуваат некоординирано, така што се трошат попусто време и ресурси. Германската влада, меѓутоа, досега нема извлечено искрен биланс на шансите и ризиците.

И покрај тоа што анкетите покажуваат дека мнозинството Германци се против мисијата на три илјади војници на Бундесверот во Авганистан, политичарите и натаму шират пароли да се издржи. По убиството на тројцата полицајци е стигнато до точка кога владата веќе не може да избегнува водење искрена дискусија. Зашто, се‘ додека секој Германец во Авганистан стравува за неговиот живот, помошта во обновата и онака не може да има ефект.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми