Германските автомобилски производители се чини во последно време се натпреваруваат во тоа кој е во состојба да произведе најнегативни наслови. Вистинска лидерска индустрија во земјата којa ризикува да добие тежок удар.
Фотографија: dapd
Реклама
Се чини дека не минува ден без вести кои го подриваат имиџот на прочуените германски производители на автомобили. Тие се потресени од серија скандали, кои земаат данок во оваа водечка индустриска гранка во Германија. Но колкава е навистина штетата? Погледнете во оваа галерија.
Германската автоиндустрија е тешка категорија
Врвните германски автопроизводители се потресени од серија скандали, кои земаат данок во една од најмоќните индустриски гранки во земјата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Kahnert
Огромна мрежа
Што би правеле Германците без својот автомобилски сектор? Индустријата се состои од над 1.300 компании со работна сила од по најмалку 20 луѓе.
Фотографија: Imago/H. Oed
Голем работодавач
Германската автомобилска индустрија обезбедува работни места за околу 828.000 луѓе во земјата. Ова претставува не помалку од 14 насто од работната сила во индустриското производство во земјата.
Фотографија: picture alliance/U. Baumgarten
Импресивна продажба
Во 2016 година, индустријата генерираше продажба во висина од 407 милијарди евра (478 милијарди долари). Околу 63 проценти од таа сума беше добиена од странство.
Фотографија: picture-alliance/dpa/I. Wagner
Измамата на Фолсваген ја промени играта
Поради измамата на Фолксваген со лажирање на податоците за емисијата на штетни гасови во 2015 година, бројот на возила со дизел мотор во Германија е во опаѓање.
Учеството на дизел возилата во новорегистрираните автомобили во Германија опадна под 45 отсто во минатата година, достигнувајќи најниско ниво во последните пет години.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Scholz
Стабилно вкупно производство
Но, тоа не го погоди вкупното германско производство на патнички автомобили. Тоа веќе три години се движи околу 5,7 милиони единици годишно, за разлика од приближно 4,7 милиони во 1991 година.