1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колкава ќе биде моќта на Ангела Меркел

12 октомври 2005

Ангела Меркел сеуште не е избрана за канцелар ,а веќе постојат размислувања како да се ограничи нејзината власт.Во коментарите на германските весници се води дебата за надлежноста во насочувањето на политиката на владата.

Фотографија: AP

Весникот „Ное вестфалише“ пишува:

Познато е дека пријателот од политичката партија може да стане и непријател.А еден од пријателите во кого шефицата на Христијанските демократи Ангела Меркел,секогаш можеше да има доверба,е шефот на Социјалните демократи,Едмунд Штојбер.Од својата надлежност во усмерувањето на политиката на владата тешко дека би можела да има некоја корист,смета овој Баварец.Меркел навистина е канцелар,гласи скриената порака,но таа тука нема што да каже.И неговата покровителска забелешка, дека Меркел пред се ќе се грижи за изградбата на источна Германија,е токму во овој правец.Вака зборува некој кој и натаму смета дека тој ја заслужил функцијата канцелар.

Слично гледа на ова и весникот„ Либекер нахрихтен“:

Идната канцеларка може да предложи насоки само во дозирана смисла,дозира оној кој има желба да биде канцелар,тој кој сега треба да стане министер за стопанство кај канцеларката.Со други зборови:Меркел нема што да каже,политиката ја водат други,а пред се- јас.Едмунд Штојбер е слика на политичар кој докажува дека партискиот пријател може да се претвори во непријател.

„Лајпцигерфолксцајтунг“ смета:

Штојбер очигледно мисли дека и пред инаугурацијата тој е некој вид втор канцелар и веднаш на Меркел и ги скрати нејзините шефовски компетенции.Ако именуваната канцеларка и натаму мора да води сметка за вакво несмасно однесување,тогаш тоа би можело да биде крај на коалицијата.

За причините за оваа расправа весникот „Ханделсблат“ пишува:

Во последен момент Едмунд Штојбер и Франц Минтеферинг сакаат уште еднаш да стават до знаење колку се самостојни во своите партии.Штојбер зане дека наскоро ќе мора да се придржува на кабинетската дисциплина.Минтеферинг пак мора да се залага за голема коалиција кај Социјалдемократите кои и така само мрморат.Затоа тој претерува со покажување слика на ослабен канцелар кој зависи од Социјалдемократите.

„Берлинер куриер“ за Ангела Меркел гледа само еден излез:

Госпоѓа Меркел наскоро ќе забележи дека тешко ќе може да го држи на синџир идниот министер за стопанство Едмунд Штојбер,кој секогаш знае се најдобро.Тој самиот сака да стане кротител на лавови.Меркел додуша може да биде канцелар,но камшикот треба да го држи тој,а не таа.За оваа влада да не стане дива хорда,Ангела би морала да има цврсто јаже,заклучува „Берлинер куриер“.

Весникот „Манхајмер морген“ констатира:

И натаму баварскиот премиер Едмунд Штојбер повеќе од јасно и сигнализира на Меркел дека тој во нејзиниот кабинет нема да се задоволи со улогата на келнер покрај готвачката.Така дискусијата околу надлежностите во водењето на владината политика и не е ништо друго освен обид уште сега да се намали значењето на идниот канцелар.Социјалдемократите и Штојбер ја гребат моќта на Меркел.Затоа нејзе ќе и припадне улогата на модератор,кој ќе посредува меѓу блоковите и ќе бара компромиси,пишува„ Манхајмер морген“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми