1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку би чинело откажување на Мундијалот во Бразил?

СН/ам/см/ртр13 мај 2014

Светската фудбалска федерација се осигура против можноста да се помести терминот за одржување или местото на одржување на Светското првенство во Бразил. Премијата изнесува 900 милиони долари.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Осигурителната полиса вклучува заштита од терористички активности, природни катастрофи, војни несреќи или безредија, потврди за агенцијата Ројтерс, портпарол на ФИФА. со тоа Светската фудбалска федерација се осигура против две црни сценарија: поместување на терминот на одржување и „преселување“ на турнирот на некоја друга локација.

ФИФА ,како што се истакнува, примарно сакала да се осигура против можноста за одложување или „преселба“ на СП, зашто се тврди дека никој во оваа организација не се плаши од можноста Мундијалот, целосно да биде откажан. „ФИФА свесно се одлучи против склучување на осигурителна полиса која го покрива ризикот за тотално откажување на СП“, тврди портпаролот и додава: „Дури и ако поради некоја причина спортската манифестација не се одржи во планираниот рок, екстремно е мала можноста турнирот во целост да се откаже“.

Фотографија: Getty Images/AFP

Пет милијарди долари ...

Доколку тоа сепак се случи, финансикиот рисик ФИФА же мора да го покрие од сопствените резерви. А тие не се мали. Според наводите на германските осигурителни компании, висината на комплетното покривање на сите ризици поврзани со СП во Бразил не е позната. За Мундијалот во Јужноафриканската република во 2010. година тој износ беше 5 милијарди долари. „Толку имено би изнесувала вкупната економска штета ако турнирот воопшто не се одржеше“ , тврдат во Здружението на германски оригурувачи (ГДВ).

Пред четири години околу 130 телевизиски станици од целиот свет за правата за пренос на натпреварите од првиот Мундијал на африканско тло , според проценките платија околу три милијарди долари. Најголем ризик за организаторите на Светското првенство беше токму можноста да отпаднат преносите како и рекламите во пресрет и во текот на Мундијалот.

За да бидат во можност да ги надоместат евентуалните загуби поради, на пример, снемување струја или грешки за време на преносот на ТВ-сигналот преку сателит, организаторите на СП склучуваат оригурителни полиси против ризици. И не само тие. . Осигурителни полиси против ризикот за откажување на Мундијалот склучуваат и спонзорите , туристичките агенции, авиокомпаниите па дури и производителите на навивачки реквизити.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми