1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку Брегзит ќе го чини стопанството?

Хана Фукс
25 октомври 2019

Вртелешката Брегзит не престанува да се врти. Економијата пак, веќе чувствува последици. Какви се изгледите за иднината? Во секој случај не се сјајни, во прв ред за европското стопанство. Но би можело да има и добитници.

Belgien Brüssel Statue "Europa" vor Europaparlament
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Kalker

Ќе дојде ли наскоро до нов договор околу Брегзит? Можеби да, а можеби и не. Дали можеби некој веќе тоа го знае? „Иако однесувањето на Велика Британија екстремно нервира, за европската страна важи да ги стегне забите и да не загуби трпение“, рече претседателот на Здружението за надворешна трговија БГА, Холгер Бингман. Додека на некои веќе им се врти во главата од Брегзит, БГА бара - дишете длабоко. Бидејќи еден хаотичен Брегзит без договор на крајот би бил најлоша можна варијанта, смета Бингман.

„Парализирачка лебдечка состојба“

Холгер Бингман предупреди дека би можело да има натамошни последици за економијата. „Неверојатно е тоа што Британците сѐ повеќе го бараат од своите европски партнери“, изјави Бингман за „Рајнише пост“ во понеделникот. „Претприемачите од двете страни на Ламанш сѐ уште висат во воздух и не знаат како ќе изгледа нивниот царински и трговски процес во иднина.“ Тој рече дека повторно оние кои најмногу страдаат се луѓето, но секако и компаниите. „Бидејќи, вака се продолжува парализирачката лебдечка состојба со сите нејзини негативни последици за економијата од оваа и од онаа страна на каналот. Ваквите консеквенции ги потврди и актуелното истражување на Германскиот институт за истражување на економијата (ДИВ).„Константната несигурност ја оптоварува германската конјунктура“, се наодите на најголемиот германски Институт за истражување на економијата. Последици од воздржаност, особено кога станува збор за инвестициите.

Повеќе:

-Нема причина за брзање околу Брегзит

-Недела на одлука во Лондон - повторно!

-Веќе видено - на Џонсон му е потребно чудо

Пресметките на ДИВ покажаа дека економскиот раст во Германија, поради несигурност по референдумот, во просек опаднал за 0,2% годишно, што не би било случај да немаше одлука за Брегзит. Тоа не изненадува, а ДИВ тоа го прогнозираше во 2016 година, истакнувајќи оти ќе дојде до намалување на динамиката на инвестирање и намалување на трендот на вработување. Несигурноста во основа има 3 димензии, објасни Фердинанд Фихтнер, раководител на Оделот за конјуктурна политика на ДИВ во Берлин. „Не знаеме ни кога ќе дојде до излез, исто така ни под какви услови ќе се случи, а дури кога точно би го знаеле, и претприемачите, но и ние истражувачите, тешко би можеле да процениме какви конкрентни поседици навистина би имал новиот однос меѓу ЕУ и Обединетото кралство. Поради тоа има многу несигурности.“

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Брегзит: Што би било кога би било...?! Актуелна состојба: ако се случи нерегулиран Брегзит, Обединетото Кралство за ЕУ, кога се работи за меѓусебните трговски врски, би паднало на статусот трети земји.

„Тоа би довело до моментално ограничување на движењето на пазарот за труд и за стока, како и кај услугите и капиталот меѓу ЕУ и Обединетото Кралство“, стои во објаснувањето на ДИВ. Германската конјуктура пред сѐ би ја оптоварил ослабениот промет на стока.Тврдиот Брегзит, според пресметките на ДИВ, би го намалил германскиот брутодомашен производ во 2020 година за 0,4 отсто, а во 2021 за 0,3. Негативни ефекти особено би ја погодиле германската економија наредната година, додека од половината на 2021 година тие влијанија полека би исчезнале. Регулираниот Брегзит сето тоа всушност би го ублажил. Така губитоците во случај на тврд Брегзит би изнесувале околу 10 милијарди евра годишно, гласи проценката на Фондацијата Бертелсман, а во случај на регулиран Брегзит загубите би биле преполовени на околу 5 милијарди годишно. Но, Велика Британија од тоа би имала најмногу полза. Бидејќи, во случај на тврд Брегзит, Обединетото Кралство би морало да смета со губиток на приходот во висина на 57 милијарди годишно, додека во случај на контролиран Брегзит овие загуби би изнесувале 32 милијарди, се податоците од студијата на Фондацијата Бертелсман.

Има и добитници!

Но, има и земји надвор од Европа кои би можеле да профитираат од Брегзит во позитивна смисла. Според студијата на Бертелсман, приходите на САД годишно би пораснале за 13 милијарди евра, на Кина за пет, а во Русија тој скок би бил нешто поблаг и приходите би пораснале за 260 милиони евра годишно.

Објаснувањето  на авторот на студијата гласи: „Со Брегзит негативно се погодени европските синџири на додадена вредност. Со тоа трговијата во рамките на Европа би станала поскапа и врските со остатокот на светот поатрактивни“, вели Доминик Понату, економски експерт на фондацијата Бертелсман.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми