Фудбалот како можност за инвестирање: вредноста на најскапите клубови минатата година се зголемила за цели 14 проценти.
Реклама
Според студија на консултантската мрежа КМПГ, вредноста на најголемите европски фудбалски клубови минатата година повторно пораснала и тоа за цели 14 проценти. При проценката на вредноста на клубовите предвид се земаат критериумите: познатост, профитабилност, спортски потенцијал, инфраструктура и приходи од продажба на ТВ-права.
Колку вредат големите фудбалски тимови?
Фудбалот како можност за инвестирање: вредноста на најскапите клубови минатата година се зголемила за цели 14 проценти.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina
Театар на инвеститорските соништа
Кој е во потрага по можност за инвестирање, тој би требало да ги разгледа состојбите во фудбалот. Според студија на консултантската мрежа КМПГ, вредноста на најголемите европски фудбалски клубови минатата година повторно пораснала и тоа за цели 14 проценти.
Фотографија: picture alliance/prisma/TPX
Во „Театарот на соништата“ …
… игра Манчестер Јунајтед. Стадионот всушност се вика „Олд Трафорд“, но често се глорифицира како „Театар на соништата“. Тука настапува најскапиот фудбалски клуб на светот: ManUnited. Според КМПГ, тој вреди 3,1 милијарди евра. Притоа предвид се земаат критериумите: познатост, профитабилност, спортски потенцијал, инфраструктура и приходи од продажба на ТВ-права.
Оној кој сака да го купи најгламурозниот клуб на светот, ќе мора да плати „само“ 2,9 милијарди евра. Ниту еден клуб нема толку трофеи како кралскиот клуб, кој повторно игра во финалето на Лигата на шампиони. Противник му е Јувентус, чија вредност е скромни 1,2 милијарди евра.
Фотографија: REUTERS/P. Hanna
Вечниот конкурент
Барселона, според КМПГ, е трет најскап клуб на светот. Тој вреди 2,7 милијарди евра. Шпанската лига има два клуба на листата на најскапи клубови на светот, додека англиската лига има дури 6 - и тоа на прво, петто до осмо и на десетто место.
Фотографија: picture alliance/dpa/empics
Бајерн Минхен
Најскап германски клуб е Бајерн Минхен. Клубот вреди 2,4 милијарди евра и на листата на КМПГ е на четвртото место. Бајерн, во потрагата по препознатлив економски белег, полага многу на својот локален колорит. Сите играчи и тренери, сеедно од каде доаѓаат, мора да се фотографираат во кожени панталони.
Фотографија: picture alliance/dpa/A. Gebert
Вечниот втор...
… во Манчестер е Сити. Сините ни оддалеку немаат толку многу сребро во витрините како лукративниот Јунајтед. А, и економски не можат да се мерат со него. Тие, со проценета вредност од 1,9 милијарди евра, се само на петтото место на листата на КМПГ.
Фотографија: imago/Sportimage
Парите даваат голови
Тоа го докажуваат и другите клубови од англиската Премиер лига кои се меѓу 10-те највредни клубови на светот: Арсенал (6.), Челзи (7.) и Ливерпул (8.) се проценети од 1,9 до 1,3 милијарди евра. На десеттото место е Тотенхем, со вредност од 1 милијарда евра.
Фотографија: Reuters/E. Sykes
Колку навистина вреди еден фудбалски клуб?
Ова прашање се наметнува кога ќе се погледне деветтиот на листата: Јувентус. Клубот ѝ припаѓа на фамилијата индустријалци - Ањели. Зошто тие би го продавале својот клуб? Дури и ако помислат на такво нешто, примерот на Милан веројатно добро ќе ги заплаши. Имено, неговиот претходен сопственик Силвио Берлускони, пред да успее да ги најде кинеските инвеститори, мораше навистина долго да бара.