Колку долго сум имун на коронавирусот по заразувањето?
Јоша Вебер
28 октомври 2020
Нова, голема студија од Велика Британија покажува дека имунитетот по прележан Ковид-19 опаѓа побрзо отколку што досега се мислеше, особено кај постарите лица. Што досега знаеме за имунитетот на коронавирусот?
Реклама
„Јас сум имун“, рече Доналд Трамп при камбекот во предизборната кампања по прележувањето на Ковид-19 и зборуваше дека сега сака да го бакне секого во својата публика. Најпроминетниот Ковид-случај во светот на крајот не го стори тоа, и тоа веројатно беше добра работа. Според сегашната состојба на истражувањата, всушност не е сигурно дали американскиот претседател е навистина имун.
Прашањето за имунитетот ја придружува глобалната пандемија на коронавирусот уште од самиот почеток. Со оглед на рапидно растечкиот број на инфекции во Европа, Северна Америка и во Јужна Америка, тоа е поитно отколку претходно.
Една нова студија сега ги намалува надежите за природен имунитет без вакцинација. Истражувачи од лондонскиот Империјал колеџ испитувале примероци од 365.000 луѓе во Англија и откриле докази дека имунитетот се намалува со текот на времето. ДВ направи фактографска проверка на сознанијата за имунитетот:
Колку долго трае имунитетот по прележан КОВИД-19?
Тоа зависи од повеќе фактори. На пример, возраста, како што покажува студијата на лондонскиот Империјал колеџ: Кај луѓето на возраст од 75 години и повеќе забележливо е значително побрзо опаѓање на создадените антитела отколку кај младите. Покрај тоа, формирањето на антитела исто така варирало во зависност од тежината на прележаната болест.
Интересно е тоа дека бројот на антитела кај здравствените работници значително помалку се намалувале, што може да укаже на повторено или поголемо изложување на коронавирусот, велат истражувачите. Значи, дали имунитетот трае со недели или месеци зависи од лицето кое ќе се зарази.
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Во друга студија на Медицинскиот факултет Харвард и на Универзитетот Торонто, научниците откриле дека највисоко ниво на антитела е измерено две до четири недели по инфекцијата, но потоа тоа се намалува. Нивото на антитела се покажа дека останува покачено околу четири месеци, па затоа е „многу веројатно дека во овој период постои заштита од вирусот“, рече директорката на студијата Ришел Чарлс. Сепак, ниту оваа студија не е вистински доказ за заштита од вирусот. Прашањето за времетраењето на имунитетот против новиот коронавирус засега останува неодговорено.
Зошто има различни наводи за имунитетот?
Тоа зависи од локацијата на студијата, периодот или големината на студијата. Така, во различни студии истражувачите во Њујорк откриле антитела кај 20 проценти од испитаните жители, во Хајнсберг во Германија кај 15 проценти и кај 40 проценти во австрискиот скијачки центар Ишгл. Сите три места беа жаришта на првиот бран на коронавирусот, но сите покажаа различни вредности. Во Кина, каде што за првпат беше откриен вирусот, лекарите во помала студија откриле дека луѓето кои имале инфекција на коронавирусот без симптоми веќе немаат антитела во крвта во просек по два месеца. Во САД, наспроти тоа, научниците од Универзитетот Аризона беа посамоуверени. Во студија спроведена на 6.000 луѓе, тие пронајдоа докази „дека имунитетот е стабилен најмалку пет месеци“, како што забележа имунобиологот Дипта Батачарија.
Витамин Ц: Добар за имунитет и за сузбивање на инфекции
Токму во време на Ковид-19 е особено важно да се има функционален имунолошки систем. На телото затоа му се потребни доволно микронутриенти, на пример витамин Ц. А него го има во овошјето и зеленчукот.
Фотографија: picture-alliance/Zoonar/D. Freigner
Јади ме!
Најголем дел од животните - цицачи можат да го синтетизираат витаминот Ц, значи сами да го произведуваат. Но, не и луѓето. Ние мораме да го земаме преку храната. Витаминот Ц го има во киви, портокали и грејпфрут, но и во зеленчук како прокељ, брокула и пиперка. За жал, тој е чувствителен на температура, затоа, внимавајте при готвењето!
Фотографија: picture-alliance/Zoonar/S. Schnepf
Помалку мистерија, повеќе биохемија
Витаминот Ц не е важен само за старите луѓе, болните и вегетаријанците. Неговите биохемиски функции во секое тело се исти и подеднакво важни. Витаминот Ц спаѓа во микронутриенти, кои на организмот не му даваат енергија, но сепак се есенцијални за неговите основни функции. Во нив се вбројуваат метаболизмот и нашиот одбранбен систем.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gabbert
Радикален ловец на слободни радикали
Како антиоксидант, витаминот Ц ги редуцира штетите кои ги предизвикуваат т.н. слободни радикали, штетни молекули кои ја нарушуваат структурата на здравите ткива во организмот. Овие радикали настануваат при нормалните процеси на метаболизам. Но штетни материи, како на пример цигарите, водат до оксидативен стрес и зголемено настанување на слободни радикали, па се зголемува и потребата од витамин Ц
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Rothermel
Јагоди за ензимски активности
Витаминот Ц од овие јагоди во човечкото тело не се користи само за заштита од слободни радикали, туку тој е важен т.н. кофактор при цела редица ензимски активности, како на пример синтеза на протеинот колаген. Колагенот е дел од тетивите, коските, рскавицата и кожата. Бавно и лошо заздравување на некоја рана од оваа причина може да е знак за недостиг на витамин Ц во организмот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst
Противнапад со помош на грејпфрут
На телото му е потребен витамин Ц за да може да се одбрани од инфекции. Витаминот Ц не само што е задолжен за заштита на клетките, туку во случај на инфекција преминува и во напад. Тој стимулира преместување на имунолошките клетки, т.н. неутрофили на местото на инфекција, ја поттикнува фагоцитозата - разградување и отстранување на штетните материи и убивање на вирусите.
Поголем недостиг од витамин Ц може да доведе до скорбут. Забавено заздравување на рани, модрици, опаѓање на косата, крварење на непцата и губење на забите, како и болки во зглобовите се симптоми на оваа потенцијално смртна болест. За заштита се доволни веќе 10 милиграми витамин Ц дневно. Доволно витамин Ц во телото значи и помал ризик од висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочни удари.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Колку е доволно?
Според Централата за заштита на потрошувачите, препорачана дневна доза на витамин Ц за мажите е околу 110 милиграми, за жените - 95. Научниците од Државниот универзитет Орегон пак на сите возрасни им препорачуваат 400 мг витамин Ц дневно. Тврдат, тој е безопасен и ако се „предозирате“, ќе се исфрли преку урината. Нема разлика дали го внесувате преку храната или таблети, велат експертите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Guenther
7 фотографии1 | 7
И сега истражувачите од англискиот Империјал колеџ покажаа дека од крајот на јуни до крајот на септември процентот на популацијата со антитела кои можат да се регистрираат паднал од 6 на 4,4 проценти. Ова сугерира пократко траење на имунитетот. Покрај тоа, откривањето на антитела во крвта се смета за тешко. Резултатите од студиите се суштински различни, и поради тоа што некои студии во моментов се достапни само во печатена форма и затоа сè уште се предмет на процесот на научен преглед (вклучително и студијата на Империјал колеџот). Конечно - во тоа се согласуваат многу истражувачи - прашањето на имунитетот не е доволно истражено.
Дали луѓето кои прележале Ковид-19 веќе не мора да се придржуваат кон важечките заштитни мерки?
Не, тие мора да продолжат да се придржуваат кон мерките. Од правна перспектива, не се прави разлика помеѓу луѓето по или без прележан Ковид-19. Заштитните мерки, кои варираат од земја до земја, а во Германија се разликуваат и од регион до регион, се однесуваат на сите луѓе и понекогаш се поврзани со драстични казни.
Од медицинска гледна точка, луѓето кои ја прележале болеста, исто така, мора да се придржуваат кон важечките правила за заштита. Зашто, прво, времетраењето на имунитетот не е сигурно (види погоре) и второ, сега веќе се познати повеќе случаи на реинфекција. „Дури и ако тестот открие антитела, лицето мора да продолжи да се придржува до националните безбедносни мерки, како што се држењето дистанца, носењето маска или тестирањето по појава на симптоми“, објаснува Пол Елиот, директор на Империјал колеџот од Лондон
Држење дистанца- креативно!
Многу експерти нагласуваат дека и по доаѓањето на вакцината најважните заштитни мерки против коронавирусот- маските и физичката дистанца- уште некое време ќе бидат секојдневие. Но, тие можат да се следат и покреативно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
Фотографија: picture-alliance/ANP/B. Grösse
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
Фотографија: picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Marchi
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress
9 фотографии1 | 9
Има ли и луѓе кои не развиваат имунитет по прележан КОВИД-19?
Постојат индикации за тоа, да. Во една американска студија меѓу војниците на морнарицата, 41 процент од испитаниците немале неутрализирачки антитела во крвта. Во кинеското истражување на универзитетот Фудан во Шангај, пак, биле шест проценти. Ова значи дека дури не е сигурно дали секоја личност која е заразена со новиот коронавирус ќе развие имунитет. Германскиот институт „Роберт Кох“ затоа во постојано ажурираниот профил за коронавирусот заклучува дека, според сегашната состојба на истражувањата, сè уште е неизвесно „колку се гради редовен, робустен и долготраен имунитет“ на вирусот.