1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Колку е безбеден Мундијалот?

Миодраг Шориќ
19 јуни 2018

Русија вети безбедно Светско првенство во фудбал. За да се постигне тоа, воведени се строги контроли и опсежни безбедносни мерки.

Russland Taxi fuhr gegen Menschenmenge in Moskau
Фотографија: Reuters

Беше тоа момент кога на многумина им се замрзна крвта во вените: еден таксист во саботата (16.06.) со својот жолт автомобил се залета недалеку од Црвениот плоштад во толпа пешаци која стоеше покрај улица. Седум лица се повредни, меѓу нив и еден навивач од Мексико. Непосредно по несреќата стигна вест дека возачот е од Киргистан- средноазиска земја со мнозиско муслиманско население. Многумина во Русија веднаш помислија- терористички напад.

Кусо потоа пристигна демант: московскиот градоначалник Сергеј Собјанин во обраќање кон медиумите изјави дека возачот едноставно загубил контрола над своето возило. Пораката е јасна- нема терористички напад. Подоцна се дознаа нови детали: возачот на такси возилото го заменил педалот за гас со кочницата, бил преморен. „Многу ми е жал“, изјави возачот, „само сакав да си одам дома и да спијам“. Според наводите на руските агенции, наскоро судот би требало да одлучи како натаму ќе тече постапката.

Фотографија: Reuters/J. Stubbs

Предупредувања на опасност од напади

Овој инцидент покажува во која мерка е присутен стравот како меѓу организаторите, така и меѓу полититичарите, но и меѓу жителите на рускиот главен град. Дополнителна загриженост предизвика и соопштението од американските служби, кои предупредуваат на опасност од терористички напади за време на Светското фудбалско првенство 2018. Според тврдењата на Американците терористите планираат напади во Русија, во близина на туристичките цели, во средствата за јавен превоз, секаде каде што се собираат поголем број луѓе истовремено.

Повеќе:

-Дали се опасни руските навивачи?

-СП во фудбал и рекламите- сосем нормално лудило

-Причини за радост за Мундијалот има доволно

На почетокот на април минатата година еден атентатор самоубиец во подземната железница во Санкт Петербург уби 14 лица. Се проценува дека во редовите на т.н. Исламска држава или во другите исламистички групи во Сирија и во другите земји од Блискиот Исток се борат околу 9.000 луѓе со руско државјанство. Многумина од нив се по потекло од регионите на северен Каквказ. Што ако некои од нив се вратат во Русија за Светското првенство да извршат напади? Руските власти се и тоа како свесни за оваа опасност.

Славјето на навивачите

Истовремено фудбалските навивачи слават во центарот на Москва како ништо да не се случило. Посебно гласно е на улицата Николскаја, широка пешачка зона која води од седиштето на тајната служба во Љубљанка до Црвениот плоштад. Од пладневните часови па сѐ до длабоко во ноќта навивачи од целиот свет танцуваат и пеат и вејат знамиња.

Посебно гласни се навивачите на Аргентина. И разочарувачкиот резултат на натпреварот со Исланд (1:1) не го нарушува нивното расположение. Напротив.

Фотографија: Reuters/I. Alvaro

Надзор насекаде

Полицајци во униформи стојат на страна, но видливо се распоредени на горниот дел на пешачката зона. Покрај нив, се вели, тука се и голем број полицајци во цивил. Насекаде на ѕидовите се поставени камери, илјадници, а во заднината се компјутери опремени со специјални програми за препознавање на лицето и на идентитетот.  

А околу московските стадиони Лужники и Спартак воспоставени се безбедносни зони. Станарите во близина имаат посебни дозволи за воопшто да можат да стигнат до своите домови. Супермаркетите, киосците и продавниците за пијалоци за време и во текот на натпреварот не смеат да продаваат алкохол.

Кога станува збор за навивачи кои предизвикуваат безредија или напаѓаат противнички навивачи, руската полиција не знае за шега. Москва сака по секоја цена да спречи масовни тепачки меѓу фудбалските хулигани, како што беше случај во Франција за време на Европското фудбалско првенство. Руските власти се подготвија за тоа и многу рано воспоставија контакт и соработка со колегите од другите земји. Така на навивачите, познати по своето насилно однесување, не им се доделени визи за Русија.

Контроли насекаде

Во градовите во кои се одржуваат натпреварите патролираат бројни полицајци, војници, специјални единици, националната гарда и таканаречените Козаци. Пред стадионите, во зоните резервирани за навивачите, како и на влезовите во метро-станиците поставени се контролни пунктови. Ранците и чантите се проверуваат како на аеродром, секоја торба со фото-апарат се отвора и посебно се проверува. На патиштата кои водат до стадионите, полициски контроли извлекуваат поединечни возила на страна и ги проверуваат багажниците.

Фотографија: picture-alliance/AP/D. Lovetsky

Има противречни податоци за тоа колку луѓе се ангажирани за обезбедување на Светското првенство: експертите наведуваат дека станува збо за повеќе од 100 илјади полицајци, војници и обезбедувачи, и околу 20 илјади доброволци.

Згора на тоа тука се и илјадници стручњаци, кои деноноќно работат сокриени од очите на јавноста. Многу од нив ги 'прочешлуваат' социјалните мрежи за навреме да дознаат дали нешто се подготвува. Телефоните на кои граѓаните можат да се јават доколку забележат нешто сомнително работат 24 часа. И германски експерти допатуваа во Русија за да помогнат во обезбедувањето на Мундијалот. Тие се воодушевени и велат дека Русите чинат сѐ за првенството да мине без инциденти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми