Во 2019 година Германците заработуваа во просек речиси 4,000 евра месечно бруто. Какви се платите во различните гранки? И кој заработува најдобро? Еве неколку интересни бројки.
Реклама
Просечниот месечен приход на еден германски граѓанин во текот на 2019 година бил 3.994 евра бруто, пред да се одземат даноците, здравственото осигурување, осигурување од невработеност, социјалниот данок и други давачки. Од тоа произлегува дека просечниот годишен бруто приход во Германија изнесувал близу 48.000 евра. Не треба да се заборави дека многу работодавачи исплаќаат и дополнителни бонуси - божикни или летни додатоци. За споредба, во 2010 година, просечниот месечен бруто приход беше нешто над 3.200 евра.
Минатата година просечната плата на жените беше околу 20% помала од онаа на мажите. Во целина, платите се зголемија повеќе во 2019 година отколку во претходните две години. Сепак, според експертите, овој нагорен тренд ќе заврши годинава заради кризата со коронавирусот. Покрај корпоративните банкротства и растечката невработеност, и приходите на Германците ќе се намалат, а тоа ќе влијае на пензиите, чиј раст оди заедно со растот на бруто-платите.
Во зависност од индустријата, разликите во платите во Германија се доста големи.
Во секторите банкарство и осигурување, информатика и комуникации, како и енергетика, просечната месечна плата е во опсег од 5,137 евра до 5,393 евра бруто. Уште подобри пари се заработуваат во производството на нафта и сродните активности, каде просечните плати се помеѓу 6.000 и 7.000 евра пред оданочување. Приходите се многу пониски во хотелската и ресторанската индустрија, каде просечно се заработуваат 2,451 евра бруто месечно. Не се многу подобри ни оние што се занимаваат со посредување при вработување. Во овој сегмент се заработува просечно 2.460 евра бруто.
11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија
Сакате да работите во Германија? Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Фотографија: Olaf Wandruschka - Fotolia.com
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Фотографија: Gajus - Fotolia.com
Gleitzeit/Глајтцајт
"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Фотографија: Colourbox
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.
Фотографија: Imago
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.
Фотографија: Colourbox/Pressmaster
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Naupold
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Фотографија: Fotolia/Andrey_Arkusha
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
11 фотографии1 | 11
Добра заработка без факултет?
Висината на платата зависи и од компанија која вработува. Поголемите компании обично плаќаат повеќе. Покрај тоа, приходот зависи и од специјализираното знаење - на пример во областа на информатичката технологија, но и од одговорностите што ги презема работникот. Универзитетската диплома вообичаено е фактор што фаворизира поголеми приходи, но има и исклучоци. Во Германија има и луѓе без високо образование кои заработуваат многу добро. Во повеќето случаи, тие поминале двојна обука во рок од две или три години. Еве ги позициите каде можете добро да заработите и без високо образование:
Регионален шеф на синџир на продавници може да достигне годишна плата од 73,000 пред даноци. Вработени во продажба во фармацевтската индустрија заработуваат над 68.000 евра бруто годишно. И во ИТ секторот, многу луѓе без високо образование заработуваат добро. Како и даночните советници - околу 60,000 бруто годишно.
На врвот сепак се оние со високо образование во специфични бранши. На прво место лекарите. Главен лекар заработува над 117,000 евра бруто годишно - речиси 10,000 евра месечно. Над 80,000 евра годишно заработуваат менаџерите во фондовите, како и лекарите- специјалисти. Помеѓу 5,000 и 7,000 евра бруто месечно можете да заработите во овие професии: патентно инженерство, банкарски консалтинг, правни советници, информатика со раководни должности. Сојузниот завод за статистика исто така пресмета какви материјални и финансиски резерви имаат жителите на Германија. Во 2018 година, едно домаќинство во Западна Германија имало вкупни материјални резерви во просек од околу 180,000 евра, а во Источна Германија - околу 88.000 евра.