1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку се можни сеопфатни реформи на ОН?

23 јуни 2005

На самитот на Обединитетите нации во септември на маса ќе се најде најсеопфатната реформа во 60-годишната историја на светската организација. За да биде усвоена потребно е двотретинско мнозинство од генералното собрание. Во таа постапка постојаните членки на Советот за безбедност: САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција немаат право на вето. Но, затоа можат да блокираат многу подоцна: ако само една о

Едни се залагањата на Анан, други интересите на САД
Едни се залагањата на Анан, други интересите на САДФотографија: AP

� нив не ја ратификува реформата, таа не може да стапи на сила.

Најспорна точка во реформата е проширувањето на Советот за безбедност. Генералниот скеретар Кофи Анан предложи два можни модела кои се разликуваат по тоа што едната предвидува нови членки, другата не. Германија, Јапонија, Индија и Бразил сакаат за себе постојано место и во овие недели амбициозно пропагираат за моделот за проширување. Тоа што не се сите земји одушевени не му пречи на германскиот амбасадор во Обединетите нации Гинтер Плојгер:

„За оваа резолуција никогаш нема да има консензус. Она што го бараме ние е најголемо можно мнозинство, значи и повеќе од двотретинско, како што предвидува Повелбата„.

Плојгер гледа добри шанси за тоа, но има и решителни противници, меѓу нив и пакистанскиот амбсадор Мунира Акрам:

„Тоа што во Советот за безбедност има само пет постојани места не го сметам за добро. Затоа мислиме дека оваа грешка не треба да се зголемува со тоа што ќе бидат приклучени нови постоајни членки. Тоа би било насочено против сите други држави кои нема да одбијат место. Затоа сметаме дека тоа е лоша идеја„.

Дека таа иницијатива е лоша сметаат и Кинезите. Американците кои ја поддржуваат Јапонија, сепак не се за големо проширување. Генералниот секретар Кофи Анан се обидува да спречи оваа точка да ја загрози целата реформа. Тој апелира да не се пропушти големата можност:

„За да ја исполнат својата задача Обединетите нации мораат да се прилагодат на сегашните реалности. Потребна ни е ефикасна светска организација што ќе им биде одговорна на јавноста и на владите„.

Во реформата станува збор за многу повеќе: на пример на гласање ќе биде јасна дефиниција за тероризмот. Со тоа конечно треба да се спречат расправите кога, на пример, треба да се осудат терористички акти на Блискиот исток. Советникот на Анан, Себастијан фон Ајнзидел вели дека станува збор за голем пробив:

„Проблемот е во тоа што исламските држави бараат да се вклучи посебна клаузула за правото на отпор против илегална окупација. Вториот проблем е што исламските држави исто така барат во таа дефиниција да се вклучи таканаречениот државен тероризам. Тоа би значело акциите на државите, на пример израелска акција на западниот брег или во појасот Газа да потпаѓа под таа дефиниција„.

Освен тоа, треба да постојат јасни правила за употреба на воена сила:

„Сето мора да се посматра врз заднината на војната во Ирак. Од многумина беше ставена под прашалник релевантноста на Обединетите нации. Консензусот за правилата на употреба на сила беше скршен„.

Ако, како во случајот Ирак, заканата не е јасно видлива, Анан во секој случај сака Советот за безбедност да се согласи со воена акција. Обединетите нации како највисок авторитет во светот – што е неприфатливо за САД. Но, во други точки од предложените реформи Анан му излегува во пресрет на Вашингтон. Тој има намера да ја укине комисијата за човекови права во Женева во која се избрани држави како Кина, Куба или Зимбабве и можат да избегнат осуди. Затоа треба да се формира помал Совет за човекови права во кој ќе можат да се избираат само држави што ги исполнуваат основните стандарди за човековите права. Следната важна точка за Анан се таканаречените милениумски цели. Тој сака богатите држави на самиот во септември цврсто да ветат дека до 2015 година ќе ја зголемат развојната помош на 0,7 насто од нивниот брутонационален производ, а од тоа се сите многу далеку. Германија на пример, во моментов е на околу 0,3 насто. Генералниот секретар се надева дека во септември ќе се случи „визионерска промена на насоката„. Меѓутоа, колку од неговиот реформски пакет ќе остане по преговорите никој не може да предвиди.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми