Комеморација за загинатите фудбалери
3 декември 2016Реклама
50-те ковчези со телата на загинатите беа пренесени со два транспортни авиона. На аеродромот во Шапеко беше поставена почесна армиска гарда. Последна почит на загинатите им оддаде и бразилскиот претседател Мичел Темер.
Телата на загинатите од фудбалскиот клуб Шапекоенсе потоа беа пренесени на стадионот Арена Конда, каде беше одржана комеморација.
При падот на авионот во Колумбија загинаа 71 лице, а преживеаја шестмина: тројца играчи, двајца членови на екипажот и еден новинар. Нивната состојба во меѓувреме е стабилна.