1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пеличковски на чело на Комисијата за заразни болести

ДТЗ
1 февруари 2022

Комисијата во наредниот период ќе се состанува секој вторник и ќе ја следи ситуацијата со новите соеви кои забрзано се шират.

Nordmazedonien | Impfzentrum in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Жарко Караџовски заминува, а директорот на Институт за имунологија, Александар Петличковски е новиот претседател на Комисијата за заразни болести. Докторот Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје е поставен за портпарол на Комисијата, во која како нов член влегува и докторот Нико Беќаровски. Ова го поврди денеска на прес-конференција, министерот за здравство, Беким Сали, кој неодамна најави промени во составот на комисијата. Тој преку социјалните мрежи деновиве упати покана и до тројца истакнати професори, но тие му порачаа дека преку Фејсбук не може да се разговара за тоа прашање.  Како членови на Комисијата остануваат и понатаму докторите Виктор Исјановски, Иринка Сотирова Бухова, Милена Стевановиќ и уште неколкумина други. 

Најавите се дека Комисијата во наредниот период ќе се состанува секој вторник, а по потреба ќе се одржат и дополнитени средби. 

На денешната двочасовна средба членовите на комисијата разговарале за повеќе актуелни прашања поврзани со брзото ширење на Омикрон, зголемениот број на заболени и смртни случаи, како и за скринингот во училиштата, откако децата денеска повторно се вратија во училишните клупи. 

Скрининг со 20 илјади брзи тестови 

Петличковски најавува дека скрининг во училиштата ќе биде спроведен во наредниот период, за што се обезбедени до 20 илјади брзи тестови. Ќе се тестираат ученици по случаен збор. Доколку некој од нив е позитивен, во изолација ќе одат учениците коишто биле во негова непосредна близина, но не и целиот клас. Со одложување од две недели, вкупно 255 илјади ученици од основното и средното образование од 1 февруари продолжија со физичка настава во второто полугодие. Надлежните повикуваат да се почитуваат здравствените протоколи во училиштата.  

„Анализите покажуваат дека популацијата од 12 до 18 години имала мала инциденца и тоа ни дава за право да предложиме настава со физичко присуство. Идејата е така и да остане, со примена на строги протоколи со проветрување, со цел да се заштити психофизичкиот развој на децата“, вели Петличковски.

Лекарите зголемениот број на заразени и на реинфекции го објаснуваат со тоа што Омикронот може да го избегне имунитетот на прележаните со Делта сој, како и на вакцинираните, доколку вакцината е примена пред подолг временски период.

„Не се опуштајте, и Омикронот може да предизвика сериозни последици кај невакцинираните“, предупредија членовите на Комисијата. Тие укажуваат дека досега имале смртни случаи на пациенти коишто се вакцинирани, но имаат коморбитети, како и на лица кои немаат други заболувања, но не се вакцинирани. Лекарите велат дека досега речиси и да немало смртен случај на лица коишто примиле две дози и немале други заболувања. Бустер дозата и мерките како носење маски и држење дистанца и понатаму остануваат главна препорака за заштита од ковид. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми