1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комплетирана меѓународната преговарачка тројка за Косово

1 август 2007

*

Александар Бочан Харченко ќе биде претставник на Русија во новите преговори за статусот на Косово. Министерството за надворешни работи во Москва ја потврди веста за именувањето на дипломатот, кој беше претставник на Русија и на последниот состанок на контакт групата. Покрај Русија, во тројката ќе учествуваат и преставниците на ЕУ и САД, Волфганг Ишингер и Френк Визнер. Портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кристина Галак во меѓувреме ги демантираше информациите дека ЕУ подготвува предлог за конфедерација на Србија и Косово. Брисел според неа во моментов се подготвува за преговори. Шефот на грчката дипломатија, Дора Бакојани изјави дека прашањето Косово е меѓународен проблем, за кој е потребно решение кое ќе биде потврдено во советот за безбедност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми