1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компромисно решение за барикадите на Косово?

27 октомври 2011

Најновите разговори на лидерите на четирите српски општини од северно Косово со претставници на КФОР сепак донесоа придвижување.

КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

Претседателите на четирите српски општини во Северно Косово соопштија дека предложиле „план“, кој предвидува „ослободување на една патна лента“ за снабдување на меѓународните сили на граничните пунктови со Србија Брњак и Јариње. Реализирањето на планот ќе почне денеска во 9 часот и вклучува ослободување на една патна лента во определена насока, се вели во соопштението на претседателите на четирите српски општини по средбата со претставници на КФОР.

Србите подигнаа барикади давесетина барикади, меѓу другото и кај Јагненица и Зупче во општина Зубин поток, на главниот мост над реката Ибар во Косовска Митровица, во Звечан кај Рударе и на влезот во Лепосавиќ. На самите гранични пунктови Јариње и Брњак околу кои се води спорот нема барикади, затоа што тие се на територијата на проширената зона под одговорност на КФОР.

Автор: ГЧ/ миа

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми