1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компјутерски џин во Германија

6 октомври 2009

Факт е дека работата во многу научни области е незамислива без компјутерска поддршка. Во германскиот научен центар Јилих се наоѓа најбрзиот супер-компјутер во Европа „Јуџин“. Тој е третиот најбрз компјутер во светот.

Forschungszentrum in Juelich zeigt den Superrechner JUGENE
„Јуџин„ се наоѓа во ЈилихФотографија: AP

Несомнено е дека во речиси сите научни области работата е незамислива без компјутерска поддршка. А, токму по тоа е познат Јилих. Овде, имено, се наоѓа најбрзиот супер-компјутер во Европа наречен „Јуџин“. Тој е третиот најбрз компјутер во светот. Неговиот работен капацитет се мери во петафлопови што значи дека може да извршува една билијарда односно милион милијарди компјутерски операции во секунда. Само за споредба, за да се постигне тоа што може да го прави „Јуџин“, треба да работат околу 50.000 обични компјутери заедно.

Во халата од околу 1.000 квадратни метри, кадешто е сместен џиновскиот компјутер, е многу бучно. Не треба ни да чуди, бидејќи овде истовремено работат околу 300.000 компјутерски процесори, сместени во 72 кабини, каде постојано се ладат, за да не се прегрее компјутерот. Затоа и температурата во халата е секогаш околу 16 степени целзиусови. Секој процесор поединечно има меморија нешто поголема од онаа што ја имаме на домашниот копјутер, објаснува др. Норберт Атиг од компјутерскиот центар во Јилих: „Овие процесори имаат вкупна меморија од 6 петабајти. На вашиот домашен компјутер имате околу 300 гигабајти, или пак можеби неколку терабајти. Ова што ние го имаме е нешто поголемо. Меѓутоа, 6 петабајти не се доволни за нашата работа и затоа во моментов го прошируваме капацитетот на тој начин што имаме еден робот, односно дополнителен оф-лајн апарат, на кој се наоѓаат податоци за кои нема место во компјутерот. Роботот и процесорите се поврзани, и доколку корисникот има потреба од некои податоци, тие може веднаш да ги повика од оф-лајн апаратот.“

Автор: Бисера Огњановска-Митров

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми